Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Конкурси / Конкурс за избор на наставници за вршење на воспитно-образовна работа за децата на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство

Конкурс за избор на наставници за вршење на воспитно-образовна работа за децата на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство

 

Врз основа на член 12 став 1 и 2 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 161/2019, 229/20) и член 3 и член 4 од Правилникот за начин и постапка за избор на наставници за основно образование за вршење на воспитно – образовна работа за децата на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство бр.12-8133/1 од 28.08.2020 година, и член 1 од Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот  и постапката за избор на наставници за основно образование за вршење на воспитно – образовна работа за децата на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство  број 12-2805/1 од 15.02.2021 година, министерството за образование и наука објавува

 

 КОНКУРС

за избор на наставници за вршење на воспитно-образовна работа за децата  на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство

 

1. Се објавува Конкурс за вршење на воспитно-образовна работа за децата  на државјаните на Република Северна Македонија кои се со постојан или привремен престој во странство за следните држави:                                    

Швајцарската Конфедерација (македонски наставен јазик)

 

- Еден (1) наставник во Женева, Данж, Ешалан, Веве, Ивердон, Фрибург и околината (македонски наставен јазик),

- Еден (1) наставник во Цирих, Волен, Буох и околината (македонски наставен јазик),

 Француската Република (албански наставен јазик)

 -Еден (1) наставник во Париз и околината (албански наставен јазик)

 1.1 Наставата ќе се изведува на следниот јазик:

Швајцарската Конфедерација – два  наставника на македонски наставен јазик и

Француската Република- еден наставник на албански наставен јазик.

 Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

  -  Завршено високо образование за одделенски наставник, педагог, наставник по македонски јазик или наставник по албански јазик (VII/1 степен, односно VI A според Македонската рамка на квалификации  или со 240 ЕКТС);

 - Да имаат работен стаж од најмалку пет години во основно училиште;

- Да го познава јазикот на државата за која конкурира, односно за работните места во  Швајцарската Конфедерација потребно е познавање на францускиот јазик (за работното место Женева, Данж, Ешалан, Веве, Ивердон, Фрибург и околината) и познавање на германскиот јазик ( за работното место Цирих, Волен, Буох и околината), а за Француската Република потребно е познавање на францускиот јазик;

- Да е државјанин на Република Северна Македонија;

- Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

 Времетраењето на ангажирањето на наставникот трае четири години.

Проверка на познавање на јазикот на државата за која конкурира пријавениот кандидат го врши Министерството за образование и наука.

Потребни документи:

- Молба;

- Кратка биографија;

- Диплома за завршено високо образование или Уверение за завршено високо образование од каде ќе може да се утврди просекот (копија заверена на нотар);

 - Потврда за работен стаж во основно училиште;

 - Уверение за познавање на јазикот на земјата за која конкурираат, копија заверена на нотар (Швајцарската Конфедерација – италијански јазик или француски јазик  во зависност од работното место за која ќе конкурира кандидатот и Француската Република- француски јазик);

 - Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

 Министерството за образование и наука, по службен пат, согласно потпишаните договори за соработка, ќе обезбеди уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 Дневно работно време на наставникот:

 - 8 часа во зависност од организацијата на воспитно- образовната работа на наставникот,

 4.1. Неделно работно време на наставникот:

 - најмалку 5 (пет) дена во неделата.

 4.2. Основен надоместок за работа во странство на наставникот изнесува:

 ·Швајцарската Конфедерација –   2.486 ЦХФ,

 ·Француската Република – 1.900 ЕУР.

 Документите се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архивата на Министерството за образование и наука, ул.„Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за наставник во странство“.

 Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

 Изборот на кандидатите го врши Комисијата формирана со решение на Министерот за образование и наука во рок од 30 дена од денот на завршувањето на Конкурсот.

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да бидат разгледувани.

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar