Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Градиме партнерство со компаниите за сигурно вработување на младите

Царовска: Градиме партнерство со компаниите за сигурно вработување на младите

 

Царовска: Градиме партнерство со компаниите за сигурно вработување на младите

 

Мене ми е многу драго што низ еден социјален дијалог оваа година се обидуваме заедно со општините, компаниите и средните стручни училиштата да усогласиме повик за нови профили и запишување на ученици во средните стручни училишта согласно потребите на реалниот сектор, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната средба со компаниите, средните стручни училишта и локалните самоуправи во Скопје, на која присуствуваа и заменик министерот за образование и наука Афарат Шабани, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Амбасадорорката на Швајцарија Сибил Сутер.

“Овој социјален дијалог се одвива под мотото „Учи паметно, работи стручно“ . Целта е да ја вратиме довербата меѓу компаниите и средните стручни училишта, што и нашата држава го памети како состојба, заради тоа што никогаш не може да имате опремени училишта со најнова технологија, а при тоа ги имате на локално ниво компаниите кои што располагаат со соодветна технологија која што е конкурентна на пазарот на труд, истакна Царовска, напоменувајќи дека на тој начин ќе успееме учениците освен што ќе учат по современи програми во училиштата, подготвени заедно со компаниите, да исто така својата пракса ја спроведуваат во компаниите.

На тој начин, рече Царовска, не само што ќе учат за струката и стекнуваат вештини за работа, туку исто така ќе се стекнуваат со знаење и запознавање со културата и навиката на работа на секоја компанија.

„Компаниите ги отворија своите врати и од нашето истражување кое што го направивме со 450 компании во изминатиот период добивме резултати дека 85 отсто се подготвени или да ги вклучат учениците во дуално образование кај нив или да примат ученици на пракса во првите години од нивното образование“  рече Царовска.

Министерката потенцираше дека на овој начин од наредната учебна година ќе запишеме ученици во профили кои што  им се потребни на компаниите и на тој начин ќе отвориме можност младите луѓе веднаш по завршување на средното стручно образование да бидат вработливи со соодветни вештини и директно да се вклучат на пазарот на трудот.

Министерката изрази голема благодарност до швајцарската амбасада за поддршката која ја дава во изминатиов период да средното стручно образование го врати својот сјај.

Амбасадорката на Швајцарија Н.Е: г-ѓата Сибил Сутер, истакна дека Швајцарија е добар пример за дуалното образование, што ја прави швајцарската економија да биде многу конкурентна.

„Со овие средби сакаме да ги чуеме компаниите  и нивните потреби за во иднина, да го доближиме дуалното образование до компаниите. Сметам, дека дијалогот е клуч овој систем да биде успешен и да се зајакне приватниот сектор во државата“, додаде Сутер.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, истакна дека во градот Скопје имаме 23 средни училишта, од кои 15 секоја година продуцираат стручни кадри со посебни стручни знаења.

„Во тој процес ги вклучуваме и компаниите со цел, учениците кои го изучуваат дуалното средно образование да бидат доволно стручни, доволно способни, а да бидат продуцирани во смисол на потребите на пазарот на труд, согласно она што го бараат компаниите како дефицитарен кадар, се со цел тие ученици утре да бидат конкурентни на пазарот на труд, да бидат стручни, добро платени, имајќи во предвид дека таквите ученици недоставуваат во општеството согласно она што го имаме како анализа“, изјави Шилегов.

[ среда, 24 февруари 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar