Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Онлајн летна студентска програма на ЦЕРН

Онлајн летна студентска програма на ЦЕРН

 

Онлајн летна студентска програма на ЦЕРН

 

Младите од земјите во Југоисточна Европа, вклучително и од Република Северна Македонија имаат можност преку SEEIIST (Mеѓународен институт за оддржливи технологии на Југоисточна Европа) да учествуваат во онлајн летна студентска програма на ЦЕРН.

 

Во рамки на програмата се понудени повеќе различни теми за обработка, посветени на примената на современата технологија во работните процеси.

 

Иако се работи за онлајн програма, односно курс, сепак учесниците ќе добијат стипендија (до 700 ЕУР).

 

Право на аплицирање имаат студенти по физика, компјутерски науки, вештачка интелигенција, машинство, медицински технологии... Крајниот рок за поднесува на апликациите е 31 јануари 2021 година.

 

Линк до апликацијата: https://bit.ly/cernstudent

[ среда, 30 декември 2020 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar