Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Решение за финансирање на надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година

Решение за финансирање на надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година

 

Врз основа на член 55 став 1 и од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010, 51/2011 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“ број 46/2008, 103/2008, 24/2011, 80/2012, 24/2013, 147/2013, 41/2014, 145/2015, 154/2015, 30/2016 и 53/2016 година) член 6 од Правилникот за остварување на правото за еднократна награда за објавување на научен труд и за надомест на средства за објавување на трудови („Службен весник на Република Македонија“ бр.102/2018), Извештајот од работа на Комисијата за разгледување на барањата по Јавниот повик за надомест на средствата платени за објавување на научни трудови бр.15-4476/4 од 29.10.2020 година за давање предлог на Министерката,  а согласно Финансискиот план на Министерството за образование и наука за 2020 година, Министерката за образование и наука, донесе

 

РЕШЕНИЕ

За финансирање на надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година

 

  1. Со ова Решение се прифаќаат следните барања за надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година на пријавените автори дадени во табеларниот приказ:



АВТОРИ/БАРАЊА КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА НАДОМЕСТ

Бр

Автор

Наслов на трудот

Списание

Фактор на влијание

Год.

Подносител

Архивски број

Одобрени средства

1.      

 

 

Снежана Јованова Митковска

 

Имплементирање на Бреин Брејк  во училница и ефектите врз ставовите за физичката активност во училиштата во Македонија

Меѓународно списание за истражување на околината и јавното здравје

2,468

2018

 

 

Факултет за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“Штип

15-9639/1 од 30.08.2019

21.200,00 денари

2.      

Билјана Попеска

 

Имплементирање на Бреин Брејк  во училница и ефектите врз ставовите за физичката активност во училиштата во Македонија

Меѓународно списание за истражување на околината и јавното здравје

2,468

2018

 

 

Факултет за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип

15-9638/1 од 30.08.2019

21.200,00 денари

3.      

Билјана Кузмановска

Антагонистична активност на Trichoderma asperellum и Trichoderma harzianum против генетски различни изолати од Botrytis cinerea izolates

Чилеанско списание за истражување во земјоделието

0,775

2018

Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“

15-4592/1 од 15.04.2019

34.190,00 денари

4.      

Валентина Тофилоска

Поврзаноста на нивото на естрадиол во серум и обезноста со појавата на ендометријално крварење кај жени во постменопауза

Отворен пристап: Македонско списание за медицински науки

 

2019

Медицински факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“,

15-6590/1 од 12.06.2019

12.240,00 денари

5.      

Митко Младенов

Nt-proBNP дискриминаторна улога меѓу симптоматските и асимптоматските пациенти со тешка валвуларна аортна стеноза

Прилози (Македонска академија на науките и уметностите, одделение за медицински науки)

0,54

2018

Природно математички факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“

15-5528/1 од 14.05.2019

15.500,00 денари

6.      

Јасмина Делчева Диздаревиќ

Методот на глобално читање од интердисциплинарна перспектива

Интернационално списание за когнитивни истражувања во науката, инженерството и образованието

SCOPUS

2018

Филозофски факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“

15-4031/1 од 01.04.2019

3.100,00 денари

7.      

Даниела Колтовска Нечовска

Креирање на инфраструктура за урбана мобилност: Студија на случај град Скопје

Собраќај-Собраќај и транспорт

0,456

2018

Технички факултет- Универзитет „Свети Климент Охридски“

15-3975/1 од  29.03.2019

17.932,00 денари

8.      

Владимир Мијаковски

Техно-економска анализа на ветерниот парк Богданци во Р. Македонија

Наука за термиката

1,433

2018

Технички факултет-Универзитет „Свети Климент Охридски“

15-5732/1 од 20.05.2019

11.300,00 денари

9.      

Валентина Тофилоска

Поврзаноста на дебелината на ендометриумот со ризикот за ендометријален малигнитет кај пациентки во постменопауза

Отворен пристап: Македонско списание за медицински науки

 

2018

Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

15-10576/1 од 16.09.2019

18.600,00 денари

10.    

Весна Рафајловска

Воведување на растителни масла во подготовката на липозоми со кетоконазол со примена на тенко-филмен хидрацион метод

Фармација

1,527

2019

Технолошко-металуршки факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

15-2089/1 од 05.02.2020

12.360,00 денари

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

Согласно член 5 од Правилникот за остварување на прaвото на еднократна награда за објавување на научен труд за надомест на средства за објавување на трудови („Службен весник на Република Македонија“ бр.102/2018) објавен е Јавен повик за надомест на средства платени за објавување на научни трудови број 15-3480/3 од 18.03.2019 година. Согласно член 6 став 1 од Правилникот, со Решение од Министерката формирана е Комисија за избор на кандидати кои конкурирале за надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus со број 15-4476/2 од 16.10.2020 година. 

Во периодот 26.10.2020-27.10.2020 година, Комисијата за реализација на Јавниот повик за надомест на средствата платени за објавување на научни трудови ги разгледа пристигнатите барања за надомест на средства платени за објавување на научен труд во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година. Комисијата, по разгледувањето на документацијата, констатира дека за период од 19.03.2019 година заклучно со 27.10.2020 година на Јавниот повик се поднесени 15 барања од страна на субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност. При поединечното разгледување на пријавите Комисијата заклучи дека сите барања се доставени во рок согласно точка 2 од Јавниот повик, член 5 став 1 и член 7 став 2 од Правилникот за остварување на правото на еднократна награда за објавување на научен труд и за надомест на средствата платени за објавување на трудови. При подробното разгледување на целосната документација, Комисијата утврди дека 10 пријавени субјекти/автори (барања) целосно ги исполнуваат условите и критериумите согласно Јавниот повик. Врз основа на Извештајот од трочлена Комисија број 15-4476/4 од 29.10.2020 година, формирана од Министерката за исполнетост на условите од член 5 од Правилникот, Министерката донесува Решение за одобрување на надомест на средствата платени за објавување на трудови.

Според горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

[ понеделник, 28 декември 2020 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar