Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска: Со дигитализацијата ќе изградиме современ и конкурентен образовен систем

Царовска: Со дигитализацијата ќе изградиме современ и конкурентен образовен систем

 

Царовска: Со дигитализацијата ќе изградиме современ и конкурентен образовен систем

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска  денес учествуваше на онлајн дебата за дигитализацијата на образовниот процес, којашто е неопходна во време на пандемијата со Ковид 19. На дебатата учествуваше и Претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Можеби процесот на дигитализација кај нас е започнат, но треба да се интензивира. Затоа што времето брзо истекува и доколку не го фатиме чекорот со овој глобален процес, тогаш многу ќе заостанеме во трката по квалитетно образование за нашите сегашни и идни генерации ученици“, рече Царовска.

Министерката истакна дека основната нејзина цел но и на владата е да изгради современ и конкурентен образовен систем на среден рок, кој ќе биде флексибилен и лесно прилагодлив на секоја нова промена со која се соочува општество или воопшто светот.

„Во таа насока, сакам да информирам дека покрај низата реформи кои ги предвидува новата 4 годишна програма за работа на Владата, која пак, веќе се детализира од страна на секоја институција, вклучително и од страна на институцијата за која добив мандат да ја раководам во делот на образованието и науката, еден од приоритетите е и дигитализацијата на образованието, за што ќе се изготви и Национална стратегија за дигитализација на образовниот систем“, рече Царовска.

Царовска рече дека креирање на единствена национална платформа за далечинско учење. И со задоволство можам да кажам дека веќе ја имаме првичната драфт верзија на оваа платформа, која можеби со мали дополнувања и минимални корекции врз база на сугестии од крајните корисници, ќе стане конечна и применлива до пред почетокот на учебната година. Јас веќе ја разгледав, лично ми се допаѓа и сметам дека ќе биде лесна за употреба и ќе ги задоволи очекувањата и потребите на сите кои ќе треба да бидат поврзани со истата, првенствено на учениците и наставниците.

„Многу важно во овој процес е и обезбедувањето на дигитални учебници. Во заеднички дијалог со издавачките куќи и авторите на учебниците ќе работиме на што поголема застапеност на учебниците во електронска форма“, рече Царовска.

Трибината на тема „Дигитализација и образование“, ја организираше Здружението за едукација, комуникации и консалтинг „ОХО“ од Битола. 

[ четврток, 10 септември 2020 ] [ 428 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar