Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Барање за прибирање на понуди за регионални ВЕТ центри

Барање за прибирање на понуди за регионални ВЕТ центри

 

Б А Р А Њ Е
за прибирање на понуди бр. ХЕ 01/20

Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) за потребите на Проектот Образование за вработување (Е4Е) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за проектирање, а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектот: 1) Изработка на проектна документација за реконструкција на регионални ВЕТ центри во: ОУТУ Ванчо Питошески – Охрид, СОСУ „Моша Пијаде“ – Тетово и СОУ „Киро Бурназ“ во Куманово.

Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 21 август 2020 година на e-mail: vetc.tender@gmail.com

Понудите треба да бидат доставени не подоцна од 4 септември 2020 година, до 14:00 часот во просториите на  Проектот Образование за вработување (Е4Е) на ул. Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.

[ четврток, 27 август 2020 ] [ 327 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar