Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Заштита на личните податоци / Барање за пристап и исправка на лични податоци

Барање за пристап и исправка на лични податоци

 

Согласно член 12 од Законот за заштита на личните податоци контролорот, субјектот на лични податоци може да побара од контролорот да го информира..

Согласно член 12 од Законот за заштита на личните податоци контролорот, субјектот на лични податоци може да побара од контролорот да го информира:

  • дали се врши обработка на неговите лични податоци;
  • за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
  • за личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци и
  • за логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци.

Контролорот е должен да одговори на субјектот на лични податоци од ставот 1 на овој член, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

Кога контролорот одговорил на барањето на субјектот на лични податоци од ставот 1 на овој член, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеца од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

[ четврток, 28 февруари 2019 ] [ 569 ]

 
Back to top
Close Offcanvas Sidebar