ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на 50 (педесет) ромски образовни медијатори за поддршка на основното образование на Роми за учебната 2025/2026 година
Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година, согласно член 37, став (4) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19, 229/20, 3/25 и 74/25), ќе ангажира 50 (педесет) ромски образовни медијатори во основните училишта во Република Северна Македонија.
Преку јавната политика Образовни медијатори во основното образование, Министерството за образование наука ќе обезбеди дополнителна поддршка на учениците Роми кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и/или се подолго време надвор од образовниот систем.
I. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА МЕДИЈАТОРИ
1. Услови за избор на медијатори
Право да се пријават на Конкурсот за образовни медијатори имаат лица од општините во Република Северна Македонија: Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Велес/Градско, Кавадарци, Крива Паланка, Охрид, Неготино, Илинден и Радовиш, а кои ги исполнуваат следните услови:
а) да се невработени или вработени со скратено работно време; б) да се државјани на Република Северна Македонија и в) да се припадници на ромската етничка заедница.
Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година, времено ќе ангажира вкупно 50 образовни медијатори во следните општини во Република Северна Македонија: Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Велес/Градско, Кавадарци, Крива Паланка, Охрид, Неготино, Илинден и Радовиш.
2. Критериуми за избор на медијатори
а) Да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; б) Да има развиени комуникациски и компјутерски вештини; в) Да има искуство од работа на терен со ромската заедница, граѓанскиот сектор, локалното население, локалните институции и училиштата; и г) Да биде препознатлив и да биде дел од заедницата во која ќе работи.
Предност при селекција ќе имаат кандидатите:
- кои имаат сертификат за посетени обуки за медијатори со сертификати за медијаторство (предност ќе имаат лицата кои имаат посетени обуки за образовни медијатори во рамките на проектот „Поддршка на интеграцијата на етничките заедници во образовниот систем“ имплементиран од страна на Министерството за образование и наука, во соработка со Агенција за Европска интеграција и Европски Развој од Австрија и лицата кои посетиле обуки за медијатори во рамките на РОМЕД програмата од Совет на Европа),
- кои говорат на јазикот на кој говори ромската заедница во општината за која се пријавува, и
- кои веќе имаат искуство во работењето како ромски образовен медијатор, и кои ги исполниле своите обврски при имплементацијата на јавната политика и Министерството за образование и наука.
Кандидатите кои ќе бидат ангажирани како медијатори во основното образование врз основа на овој јавен повик, нема да можат да бидат ангажирани како медијатори во средното образование на Јавниот повик за ангажирање на медијатори за поддршка на средното образование на Роми.
II. УЛОГА, ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА РОМСКИОТ ОБРАЗОВЕН МЕДИЈАТОР
1. Улога на ромскиот образовен медијатор
Улогата на образовниот медијатор е да помогне и презема активности за подобрување на информираноста за можностите и пристапот до училиштата, спроведува редовни средби за сензибилизација на населението и вработените во основното училиште со спецификите и потребите на ранливите групи во делот на образованието, редовно соработува со стручните соработници и наставниците за подобрување на постигањата на учениците, презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците.
2. Задачи и обврски на медијаторот за образовна инклузија на ученици Роми во основното образование:
а) Идентификација и реинтеграција на ученици Роми со прекинато образование: Да врши теренска работа за идентификување на ученици Роми кои не се редовно вклучени во образованието и да презема конкретни мерки за нивно вклучување или враќање во основното образование;
б) Поддршка при запишување во основно образование: Да обезбедува индивидуална и семејна поддршка на учениците Роми при процесот на запишување во основно образование;
в) Подигање на свеста и информираноста кај ромската заедница: Да реализира активности за подигнување на свеста и подобрување на информираноста кај ромското население на локално ниво за значењето на образованието и пристапот до основни училишта;
г) Работа со ученици Роми повратници од странство: Да идентификува ученици Роми кои се повратници од странски држави, да обезбеди поддршка за нивно повторно вклучување во образовниот процес и да асистира во процесот на еквиваленција и нострификација на нивните училишни документи;
д) Соработка со институции и образовни установи: Да соработува со стручните служби во средните училишта, локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и други релевантни институции со цел навремено решавање на предизвиците во образовниот процес;
ѓ) Работа на терен со деца, родители и заедницата: Да реализира редовни теренски посети и да гради однос на доверба и соработка со учениците, нивните семејства и пошироката заедница;
е) Следење и евидентирање на состојбата со учениците Роми: Да води детална и ажурирана евиденција за учениците Роми во основното образование, и да постапува согласно насоки од Министерството за образование и наука при појава на проблеми или пречки.
III. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Кандидатите кои ги исполнуваат условите од Јавниот повик пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат потребната документација преку платформата http://e-uslugi.mon.gov.mk, во периодот од 01.08 до 01.10.2025 година, без потреба од физичко доставување до Министерството.
Потребни документи:
1. Кратка биографија (CV) (скенирана);
2. Диплома за највисок степен на завршено образование (скенирана);
3. Две препораки од ромски невладини организации за потврда на искуството за работа со ромската заедница со назначени телефони за контакт на лицата кои ја дале препораката (скенирани);
4. Оригинал потврда од Агенција за вработување за работен статус (скенирана); и
5. Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата, а е во функција на потребните услови и критериуми (сертификати, дипломи и сл.) (скенирани).
Министерството за образование и наука по службен пат, ќе обезбеди Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
IV. ВИСИНА НА ХОНОРАРОТ
За ангажманот на ромските образовни медијатори хонорарот месечно ќе изнесува 20.000 (дваесет илјади) денари нето за период од најмногу три (3) месеци во текот на 2025 година и седум (7) месеци во текот на 2026 година.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено