Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен повик за ангажирање на 35 ромски образовни медијатори за поддршка на средното образование на Роми за учебната 2025/2026 година

Јавен повик за ангажирање на 35 ромски образовни медијатори за поддршка на средното образование на Роми за учебната 2025/2026 година

 

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на 35 ромски образовни медијатори за поддршка на средното образование на Роми за учебната 2025/2026 година

Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година, согласно член 31 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 229/20 и 78/25), ќе ангажира 35 ромски образовни медијатори во јавните средни училишта во Република Северна Македонија. Преку јавната политика медијаторство во средното образование Министерството за образование и наука ќе придонесе кон унапредување на средното образование и ќе обезбеди дополнителна поддршка за учениците Роми во средните училишта.

 

I. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА МЕДИЈАТОРИ

1. Услови за избор на медијатори

Право да аплицираат на Конкурсот за образовни медијатори имаат лица од општините во Република Северна Македонија со поголем број на ученици од ромската етничка заедница: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Охрид, Струга, Велес, Неготино и Кавадарци, а кои ги исполнуваат следните услови:

а) да се невработени и/или вработени со скратено работно време; б) да се државјани на Република Северна Македонија и в) да се припадници на ромската етничка заедница.

Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година времено ќе ангажира вкупно 35 образовни медијатори во следните општини во Република Северна Македонија и тоа: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Охрид, Струга, Велес, Неготино и Кавадарци.

2. Критериуми за избор на медијатори

а) Да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; б) Да има развиени комуникациски и компјутерски вештини; в) Да е невработен и/или вработен со скратено работно време; г) Да има искуство од работа на терен со ромската заедница, граѓанскиот сектор, локалното

население, локалните институции и/или средните училиштата; д) Да биде препознатлив и да биде дел од заедницата во која ќе работи; ѓ) Да го говори јазикот на кој говори ромската заедница во општината за која се пријавува.

Предност при селекција ќе имаат кандидатите:

- кои имаат сертификат за посетени обуки за медијатори со сертификати за медијаторство (предност ќе имаат лицата кои имаат посетени обуки за образовни медијатори во рамките на проектот „Поддршка на интеграцијата на етничките заедници во образовниот систем“ имплементиран од страна на Министерството за образование и наука, во соработка со Агенција за Европска интеграција и Европски Развој од Австрија и лицата кои посетиле обуки за медијатори во рамките на РОМЕД програмата од Совет на Европа),

- кои говорат на јазикот на кој говори ромската заедница во општината за која се пријавува, и

- кои претходно имаат искуство во работењето како ромски образовен медијатор.

 

Кандидатите кои ќе бидат ангажирани како медијатори во средното образование врз основа на овој јавен повик, нема да можат да бидат ангажирани како медијатори во основното образование на Јавниот повик за ангажирање на медијатори за поддршка на основното образование на Роми.

 

 

II. УЛОГА, ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА РОМСКИОТ ОБРАЗОВЕН МЕДИЈАТОР

1. Улога на ромскиот образовен медијатор

Улогата на образовниот медијатор е да помогне и презема активности за подобрување на информираноста за можностите и пристапот до средните училишта, спроведува редовни средби за сензибилизација на населението и вработените во средното училиште со спецификите и потребите на лицата од ранливите групи во делот на образованието, редовно соработува со стручните соработници и професорите за подобрување на постигнувањата на учениците и презема активности за намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес на учениците.

 

2. Задачи и обврски на медијаторот за образовна инклузија на ученици Роми во средното образование:

а) Идентификација и реинтеграција на ученици Роми со прекинато образование: Да врши теренска работа за идентификување на ученици Роми кои не се редовно вклучени во образованието и да презема конкретни мерки за нивно вклучување или враќање во средното образование.

б) Поддршка при запишување во средно образование: Да обезбедува индивидуална и семејна поддршка на учениците Роми при процесот на запишување во средно образование согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта на Министерството за образование и наука.

в) Подигање на свеста и информираноста кај ромската заедница: Да реализира активности за подигнување на свеста и подобрување на информираноста кај ромското население на локално ниво за значењето на образованието и пристапот до средни училишта.

г) Работа со ученици Роми повратници од странство: Да идентификува ученици Роми кои се повратници од странски држави, да обезбеди поддршка за нивно повторно вклучување во образовниот процес и да асистира во процесот на еквиваленција и нострификација на нивните училишни документи.

д) Соработка со институции и образовни установи: Да соработува со стручните служби во средните училишта, локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и други релевантни институции со цел навремено решавање на предизвиците во образовниот процес.

ѓ) Работа на терен со деца, родители и заедницата: Да реализира редовни теренски посети и да гради однос на доверба и соработка со учениците, нивните семејства и пошироката заедница.

е) Следење и евидентирање на состојбата со учениците Роми: Да води детална и ажурирана евиденција за учениците Роми во средното образование, и да постапува согласно насоки од Министерството за образование и наука при појава на проблеми или пречки.

ж) Поддршка при аплицирање за стипендии: Да им помага на учениците Роми и нивните семејства во процесот на аплицирање за стипендии за средношколци, објавени од страна на Министерството за образование и наука.

 

III. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Кандидатите кои ги исполнуваат условите од Јавниот повик пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат потребната документација преку платформата http://e-uslugi.mon.gov.mk, во периодот од 01.08 до 01.10.2025 година, без потреба од физичко доставување до Министерството.

Потребни документи:

1. Кратка биографија (CV) (скенирана);

2. Диплома за највисок степен на завршено образование (скенирана);

3. Две препораки од ромски невладини организации за потврда на искуството за работа со ромската заедница со назначени телефони за контакт на лицата кои ја дале препораката (скенирани);

4. Оригинал потврда од Агенција за вработување за работен статус (скенирана); и

5. Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата, а е во функција на потребните услови и критериуми (сертификати, дипломи и сл.) (скенирани).

Министерството за образование и наука по службен пат, ќе обезбеди Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

IV. ВИСИНА НА ХОНОРАРОТ

За ангажманот на ромските образовни медијатори хонорарот месечно ќе изнесува 20.000 (дваесет илјади) денари нето за период од најмногу три (3) месеци во текот на 2025 година и седум (7) месеци во текот на 2026 година.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar