Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува сите учесници во постапката по Конкурсот бр.26-109/1 од 28.01.2025 година и Решението за изменување на Конкурсот бр.26-109/2 од 14.03.2025 година, а согласно Записникот бр. 26-174/47 од 23.07.2025 година од седницата на Националната комисија за учебници за основно и средно образование, одржана на ден 10.07.2025 година, дека за наставниот предмет Географија за VII одделение во основно образование е донесен заклучок и предлог, за ракопис за учебник да биде одобрен ракописот за учебниксо шифра 17, но откако ќе бидат внесени техничките забелешки на Рецензентската комисија. За наставниот предмет Биологија за VII одделение во основно образование е донесен заклучок и предлог за ракопис за учебник да биде одобрен ракописот за учебник со шифра 5 но откако ќе бидат внесени техничките забелешки на Рецензентската комисија.
Записник од Комисија за шифрирање и проверка на пристигнатата документација (линк).
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
ПЕДАГОШКА СЛУЖБА