Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Интерен оглас за унапредување на административен службеник во Министерството за образование и наука

Интерен оглас за унапредување на административен службеник во Министерството за образование и наука

 

Министерството за образование и наука врз основа на член 48 став 4 и член 49 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019, 14/2020, 215/2021, 99/2022 и 208/2024), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука бр.04-2497/1 од 23.02.2018 година, бр.04-2694/1 од 28.02.2018 година, бр.04-2694/3 од 26.03.2018 година, бр.04-5011/1 од 18.04.2018 година, бр. 04-5904/1 од 08.05.2018 година, бр. 04-6214/1 од 16.05.2018 година, бр.04-7301/1 од 13.06.2018 година, бр.04-8833/1 од 20.07.2018 година, бр.04-9864/1 од 20.08.2018 година, бр.04-10875/1 од 12.09.2018 година, бр.04-14192/1 од 28.11.2018 година, бр.04-14557/1 од 05.12.2018 година, бр.04-15647/1 од 27.12.2018 година, бр.04-437/1 од 14.01.2019 година, бр.04-1610/1 од 04.02.2019 година, бр.04-5892/1 од 22.05.2019 година, бр.04-7473/1 од 02.07.2019 година, бр.04-8611/1 од 01.08.2019 година, бр.04-10622/1 од 17.09.2019 година, бр.04-13469/1 од 19.11.2019 година, бр.04-13795/1 од 25.11.2019 година и бр.04-15375/1 од 25.12.2019 година, бр.04-663/1 од 16.01.2020 година, бр.04-1558/1 од 28.01.2020 година, бр.04-2121/1 од 05.02.2020 година, бр.04-2197/1 од 06.02.2020 година, бр.04-2204/1 од 06.02.2020 година, бр.04-2729/1 од 14.02.2020 година, бр.04-5709/2 од 12.06.2020 година, бр.04-5898/1 од 18.06.2020 година, бр.04-8308/1 од 02.09.2020 година, бр.04-11404/1 од 16.10.2020 година, бр.04-12334/1 од 04.11.2020 година бр.04-1113/1 од 21.01.2021 година, бр.04-1797/2 од 01.02.2021 година, бр.04-2606/1 од 11.02.2021 година, бр.04-2733/1 од 12.02.2021 година, бр.04-5650/1 од 30.03.2021 година, бр.04-6564/1 од 20.04.2021 година, бр.04-7597/2 од 14.05.2021 година, бр.04-9695/1 од 30.06.2021 година, бр.04-9923/1 од 02.07.2021 година, бр.04-12501/1 од 30.08.2021 година, бр.04-16232/1 од 22.11.2021 година, бр.04-16524/1 од 26.11.2021 година, бр.04-17319/1 од 14.12.2021 година, бр.04-6232/4 од 28.12.2021 година, бр.04-739/1 од 20.01.2022година, бр.04-1562/1 од 08.02.2022 година, бр.04-2963/1 од 08.03.2022 година, бр.04-3720/1 од 23.03.2022 година, бр.04-4726/1 од 13.04.2022 година, бр.04-6370/1 од 01.06.2022 година,  бр.04-7328/1 од 21.06.2022 година, бр.04-9597/1 од 11.08.2022 година, бр.04-14939/1 од 12.12.2022 година, бр.04-2176/1 од 21.02.2023 година, бр.04-4559/3 од 18.04.2023 година, бр.04-5283/1 од 11.05.2023 година, бр.04-7392/1 од 06.07.2023 година, бр.04-7695/1 од 13.07.2023 година, бр.04-8125/1 од 27.07.2023 година, бр.04-12794/1 од 24.11.2023 година,  бр.04-13590/1 од 18.12.2023 година, бр.04-13590/4 од 20.12.2023 година, бр.04-13590/6 од 21.12.2023 година, бр.04-13590/10 од 25.12.2023 година, бр.04-616/1 од 12.01.2024 година, бр.04-1376/1 од 24.01.2024 година, бр.04-2092/1 од 08.02.2024 година, бр.04-8446/1 од 29.08.2024 година, бр.04-9316/2 од 13.09.2024 година, бр.04-11050/1 од 17.10.2024 година, бр.04-14560/1 од 30.12.2024 година и бр.04-696/1 од 14.01.2025 година, бр.08-7880/1 од 05.06.2025 година, бр.04-8571/1 од 18.06.2025 година, бр.04-8898/1 од 25.06.2025 година и бр.04-9484/1 од 04.07.2025 година, објавува

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 07/2025

за унапредување на административен службеник

во Министерството за образование и наука

 

Министерството за образование и наука објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:            

1. УПР0101В01000 Советник за утврдување на методологија за распределба на дотации во средното образование и организација во средното образование, Одделение за финансирање на средно образование и кариерен развој во Сектор за средно образование, образование на возрасни и доживотно учење  – 1 извршител

Посебни услови:

ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,  - општествени науки

- најмалку три години работно искуство во струката.

 

Потреби општи работни компетенции на средно ниво:

решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

учење и развој;

комуникација;

остварување резултати;

работење со други/тимска работа;

стратешка свест;

ориентираност кон клиенти/засегнати страни и

финансиско управување.

Посебни работни компетенции:

активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Распоред на работното време:                                                                                       

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок.

Платата за работното место е во паричен нето износ од 36.383,00 денари.

          

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните

Општи услови: 

да е државјанин на Република Северна Македонија;

активно да го користи македонскиот јазик;

да е полнолетен;

да има општа здравствена способност за работното место и

со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

 

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за образование и наука, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,

да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

да поминал најмалку две години на исто ниво и

да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за образование и наука до Секторот за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Секторот за управување со човечки ресурси:coveckiresursi@mon.gov.mk.

 

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

потвдри за успешно реализирани обуки и/или

потврди за успешно реализирано менторство

 

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страниците на Министерството за образование и наука и Агенција за администрација.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава нема да биде разгледана.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

[ понеделник, 21 јули 2025 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar