Врз основа на член 54 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија” бр.46/2008, 103/2008, 24/2011, 80/2012, 24/2013, 147/2013, 41/2014, 145/2015, 154/2015, 30/2016, 53/2016, 257/2016, 257/2020, 163/2021, 64/2024 и 253/2024), Министерството за образование и наука објавува јавен повик за сите истражувачи од државните и приватните универзитети/високообразовни установи, јавните научни установи, приватни научни установи, научни институти, МАНУ и самостојни истражувачи како и за истражувачи со македонско потекло кои работат во странски универзитети, за регистрирање во електронскиот регистар, база на податоци за истражувачи во земјата и странство при Министерството за образование и наука.
Регистрацијата во базата на податоци претставува почетен чекор за утврдување на регистарот на научници, по што во следните фази евиденцијата ќе се прошири со научно–апликативни активности на истражувачите (проекти, научни и стручни трудови и индикатори), пред се со преземање од глобалните и институционалните бази на истражувачки резултати.
Начин на аплицирање:
Апликацијата се пополнува електронски на порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ во менито Наука/истражувачи каде се прикачува и соодветната документација.