Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска во Тетово: сликата за образованието да ја менуваме сите заедно, ќе има многу инвестиции во инфраструктурата

Јаневска во Тетово: сликата за образованието да ја менуваме сите заедно, ќе има многу инвестиции во инфраструктурата

 

Јаневска во Тетово: сликата за образованието да ја менуваме сите заедно, ќе има многу инвестиции во инфраструктурата

 

Бериќетно ја заокружуваме учебната година со претставување на успешно реализирана капитална инвестиција за подобрување на условите во Вашето училиште и даваме до знаење дека инфраструктурата е наш заеднички приоритет, затоа што е исклучително важен фактор за квалитетот на образованието.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска при посетата на реконструираното ОУ „Андреја Савески - Ќиќиш“ во општина Тетово, напоменувајќи дека тоа е резултат на домаќинското работење на раководството и заштеди на средства кои ги добива од Министерството за образование и наука, но и резултат на грижата на општината за овозможување на достоен воспитно – образовниот процес за најмладите жители на градот.

- Им должиме на граѓаните на Македонија вакви инвестиции. Долго време недостигаа, и оттука - и недовербата и неверувањето дека некој може да работи чесно, одговорно, посветено и наместо да создава непотребни или непродуктивни трошоци, да внимава и тие средства да ги искористи за општо добро. Но, еве гледаме дека можело. Сликата за образованието, ја менуваме заедно, додаде Јаневска.

Посакувам, рече министерката, вака посветено и сплотено да продолжиме да работиме и во иднина, а младите секогаш да бидат во фокусот на нашите политики и активности. Само така, нема да се срамиме да кажеме кое место го освоиле нашите ученици на ПИСА, ТИМСС или друго меѓународно тестирање.

Посакувајќи им пријатен летен распуст на сите ученици во државата, Јаневска им порача балансирано да го искористат  времето - за дружба и создавање убави спомени, за акумулирање енергија за нови подвизи, но и за нешто ново во меѓувреме да научат, да прочитаат некоја книга или корисна литература.

- Образованието е доживотен процес, а не чин што завршува на одреден датум. За Министерството за образование и наука, летото ќе биде работно. Подготвени ќе ја дочекаме новата учебна година, изјави министерката.

[ вторник, 10 јуни 2025 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar