Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите по Конкурс за издавање на учебници за 3-та година средно стручно четиригодишно образование за предметот:
1. Ловство за 3-та година СТРУКА/СЕКТОР: ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА/ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО Образовни профили/квалификации: Шумарски техничар за средно стручно четиригодишно образование.
Отварањето на шифрите за горе наведениот наставен предмет ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул. „Св.Кирил и Методиј„ бр. 54 - 13 кат на 19.05.2025 година (ПОНЕДЕЛНИК) со почеток во 11.00 часот.