Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Изменување и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2025/2026 година во Република Северна Македонија

Изменување и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2025/2026 година во Република Северна Македонија

 

Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11,6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/2015, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 229/20), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25), Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/14, 129/15, 146/15, 30/16 и 142/16 и 64/18) и Законот за Математичко- информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“бр. 64/18), Министерството за образование и наука врши изменување и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2025/2026 година во Република Северна Македонија, во делот на број на ученици и тоа:

 

 

1. Под реден број 20. ОПШТИНСКО СРЕДНО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“,

во сектор електротехника и информатички технологии, на албански наставен јазик,

зборовите:

електротехничар за електроника и телекомуникации/електротехничар за компјутерска техника и автоматика *во соработка со компании алб 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 50/55 поени минимум

се заменуваат со зборовите:

-електротехничар за електроника и телекомуникации/ електротехничар-енергетичар*во соработка со компании алб 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 50/45 поени минимум

2. Под реден број 35. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕПЕТРОВ“

зборовите:

„сектор електротехника и информатички технологии - 50 ученици, 2 паралелка

-електротехничар за компјутерска техника и автоматика/ електротехничар енергетичар *во

соработка со компании мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55/45 поени минимум

-електромеханичар за компјутерска техника и технологија *во соработка со компании

мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум“

се заменуваат со зборовите:

„сектор електротехника и информатички технологии - 25 ученици, 1 паралелка

-електротехничар за компјутерска техника и автоматика/ електротехничар енергетичар *во

соработка со компании мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55/45 поени минимум

сектор градежништво и геодезија - 25 ученици, 1 паралелка

-градежен техничар *во соработка со компании мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум“

Училиштето е должно интерниот оглас да ги усогласи со овој Конкурс за изменување и дополнување на Конкурсот за изменување и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2025/2026 година.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar