Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии за студирање во Република Романија за академската 2025-2026 година

Стипендии за студирање во Република Романија за академската 2025-2026 година

 

Министерството за образование и наука информира дека Република Романија преку програма за соработка доделува стипендии за магистранти, докторанти и изучувачи на романскиот јазик и култура, за академската 2025/2026 година

Станува збор за 5 стипендии за магистарски студии, 5 стипендии за докторски студии и 5 стипендии за учество на летен курс за изучување на романскиот јазик, литература, култура и цивилизација.

Крајниот рок за аплицирање е заклучно со 1 април 2025 година.

Дополнителни информации околу условите и критериумите, како и формулар за пријавување можат да се најдат во прилог на оваа објава.  

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar