Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска: Инвестициите на бизнис заедницата во образованието помагаат во подигнувањето на квалитетот на знаењата и вештините на учениците

Јаневска: Инвестициите на бизнис заедницата во образованието помагаат во подигнувањето на квалитетот на знаењата и вештините на учениците

 

Клубот на напредни знаења и вештини - Иноваториум верувам дека ќе биде место каде учениците од основите училишта со задоволство ќе доаѓаат затоа што ќе можат многу да научат од едукаторите, меѓу кои ќе има и врвни професори од СТЕМ науките. Ова катче е опремено со технички помагала што ќе ја дополни успешната анимација на учениците и ќе го поттикне или зголеми нивниот интерес за математика, технологија, инженерство и техника. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на  отворањето на дигиталниот клуб што Титан-Усје го реализира заедно со Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје.


Дополнителните активности што учениците ќе ги практикуваат во Клубот Иноваториум ќе им помогнат во стекнувањето употребливи знаења неопходни за да успеат во технолошки напредниот свет. Како што појасни Јаневска, нашите ученици недоволно време поминуваат во учење, споредено со нивните европски врсници а ваквите иницијативи се во согласност со политиките за воведување едносменско работење секаде каде условите во основните училишта тоа го дозволуваат.

Министерката Јаневска ги поздрави иницијативите за с? поголема општествена одговорност на компаниите.

„Иновативните иницијативи, посебно тие што се насочени кон образованието, имаат најширок одраз врз заедницата. Секое ново вложување на компаниите во образованието дава повеќеслојни пораки – покажува дека бизнисмените се свесни за потребата да се оддолжат на средината во која работат и заработуваат, со вложувањето во знаењата и вештините на младите се создаваат подобро обучени кадри кои во иднина поуспешно ќе се вклучат на пазарот на труд, како и дека зголемувањето на знаењата влијае на намалување на сиромаштијата“, рече Јаневска.

Честитајќи го јубилејот – 70 години работење на Компанијата Титан, министерката Јаневска ги повика и другите компании да се придружат во мисијата за градење поквалитетно образование, затоа што издигнување генерации способни да се справат со утрешните предизвици е можно само како резултат на широка општествена грижа.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar