Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: од утре учениците без маски во училиштата, Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести

МОН: од утре учениците без маски во училиштата, Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести

 

МОН: од утре учениците без маски во училиштата, Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести

 

 

Министерството за образование и наука информира дека на денешната владина седница е донесена одлука за прифаќање на предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид мерките кои важеа за учениците во основните училишта.

 

Основнците ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска. Одлуката стапува на сила од утре и важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести. Оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна маска за време на престојот во училишниот објект.

 

Министерството апелира на доследно почитување на сите останати мерки за справување со пандемијата кои се на сила и на одговорно однесување не само во училиштата, туку и надвор од нив, со цел непречено продолжување на наставата со физичко присуство како опција која е од најдобар интерес за учениците. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar