Градиме мостови

 

Со задоволство објавуваме дека и во 2021 сите градинки, основни и средни училишта ќе имаат можност да аплицираат за грантови од Фондот Градиме Мостови  - “Building Bridges Fund”. 

Фондот продолжува со лесниот пристап за грантови за општините, учениците, наставниците, родителите, училиштата и градинките кои сакаат да организираат заеднички активности вклучувајќи ученици од сите свои заедници кои следат настава на различни наставни јазици со цел да ја зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната и предучилишната средина.

Фондот Градиме Мостови е заеднички проект отпочнат од Министерството за образование и наука, Владата на Швајцарија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој понатаму беше поддржан и од Владите на Ирска и Австрија. Сега, активни поддржувачи на Фондот се Амбасадата на Кралството Холандија, како и Владите на Соединетите Амеркански Држави, Италија, Словачка и Луксембург, покрај Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Од 2018 година во работата на Фондот се вклучи и Министерството за труд и социјална политика. Работата на фондот е подржана од Советодавното тело.

На новите генерации им се потребни меѓусебни мостови кои ќе им овозможат пристап до богатството и благодатите на различноста, особено во училиштата и градинките, кои би требало да ги подготват за заедничка иднина во Европа со сета нејзина културна различност.

Фондот Градиме Мостови се надева скромно да придонесе кон отворање на можности за градење мостови кои заедниците, училиштата, градинките и децата ги заслужуваат. Сите апликанти кои биле одбиени или финансирани имаат прилика повторно да аплицираат. Подетални информации, како и формуларот за аплицирање се достапни за преземање.

Крајните рокови за аплицирање се 1 март, 1 мај и 1 октомври 2021.

 
 
[ среда, 06 март 2019 ] [ 761 ]