Министер за образование и наука

 

Министер за образование и наука

 

Јетон Шаќири  е роден на 17 март 1987 година во Струга, каде завршува основно и средно гимназиско образование.

Во 2005 година се запишува на Економскиот факултет при Државниот универзитетот на Тетово, каде дипломира во 2008 година.   

Во 2008 година се запишува на постдипломски студии на Економскиот факултет при Меѓународниот универзитет во Струга, каде во 2010 година со одбраната на магистерскиот труд се стекна со научен степен магистер по економски науки. 

Во 2010 година се запишува на докторски студии на Економскиот факултет  при Универзитетот на Тирана, Република Албанија и на 16 септември 2016 година ја одбрани докторската дисертација под наслов “Банкарскиот надзор и предизвиците од спроведување на Базел II и Базел III во Република Македонија. (Анализа според поуките од финансиската криза од 2008-2009 година).

Искуството како предавач на група предмети по економски науки го почнува многу млад.

Во периодот од 1 септември 2008 година до 12 ноември 2010 година како помлад асистент е соработник по група предмети од областа на економските науки на Факултетот за економски науки при Меѓународниот Универзитет во Струга.

Од 12 ноември 2010 година до 6 декември 2013 година како асистент е соработник по група предмети од областа на економските науки на Факултетот за економски науки при Меѓународниот Универзитет во Струга.

Од 6 декември 2013 година до  29 ноември 2016 година е ангажиран како асистент докторант на истиот факултет.
До  29 ноември 2016 година како доцент  е наставник  по група предмети од областа на економските науки на Факултет за економски науки при Меѓународниот универзитет во Струга.

Во периодот од септември 2009 година до јуни 2018 година е раководител  на додипломски и последипломски студии на Меѓународниот Универзитет во Струга.
Неговите менаџерски вештини ги покажа и при успешното управување со МЈП „Проаква” – Струга и ЈП „Водовод и канализација”- Струга.
Од јуни  2018 до декември 2019 година ја врши функцијата директор на МЈП „Проаква” во Струга, а од јануари до август 2020 година е директор на ЈП „Водовод и канализација” – Струга.

Од 30 август 2020 година ја извршуваше функцијата министер за информатичко општество и администрација во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Од 16 јануари 2022 година ја извршува функцијата министер за образование и наука.

Во периодот од 2008 до 2016 година е член на организациониот одбор на неколку меѓународни научни собири.  Учествувал на голем број стручни обуки и конференции. 
Автор е на повеќе стручни трудови од областа на економијата и финансиите. 

Зборува албански, македонски и англиски јазик.

[ 9610 ]