Политика за квалитет

 

Политика за квалитет

 

Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија се стреми кон подигнување на квалитетот на образовните и научните институции и градење механизми за нивно ефективно и ефикасно делување.

Министерството за образование и наука ги имплементира сите позитивни промени во образовната и научната сфера со цел да се намали невработеноста и да се генерираат квалитетни кадри.

Министерството за образование и наука ја засилува и унапредува меѓународната соработка во сферата на образованието и науката.

Министерството за образование и наука го подигнува нивото на образование кај младите со посебен акцент на зголемување на квалитетот на нивното знаење.

Министерството за образование и наука поддржува образовна рамноправност, односно образование за сите граѓани.

Министерството за образование и наука применува концепт за доживотно учење и обука.

Министерството за образование и наука воспоставува динамична врска со пазарот на трудот и потребите на стопанството.

Министерството за образование и наука ја промовира информатичката писменост како една од клучните компетенции за зголемување на ефикасноста на образовниот систем.

Министерството за образование и наука го поддржува Системот за Управување со Квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард МКС EN ISO 9001:2009.

Министерството за образование и наука се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал, води сметка за одржување на благопријатен творечки амбиент, при што секој извршител е свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на корисниците на услуги и просперитетот на Министерството.

Министерството за образование и наука применува процесен приод кон создавањето и одржувањето на системот за управување со квалитет. Во врска со тоа извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на услугите на Министерството.

Врвното Раководство на Министерството периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на системот за управување со квалитет, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет.

[ среда, 06 март 2019 ] [ 151 ]