Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен повик за рецензенти на учебници за 1 година

Јавен повик за рецензенти на учебници за 1 година

 

           



 Министерство за образование и наука-Педагошка служба објавува јавен повик за рецезенти се со цел потикнување  на што поголем број на лица да се пријават за рецезенти за предмети наведени во повикот

Информатика за I година средно стручно четиригодишно образование

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ

Биологија (Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка, Лични услуги, Хемиско-технолошка струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ

МАШИНИ И АЛАТИ  ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА СТРУКА                   Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: шумарски техничар, техничар за мебел и ентериер,техничар за обработка на дрво, техничар за пејзажен дизајн  

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Електротехнички материјали ЕЛЕКТРОТЕХНИКА/ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: електротехничар за електроника и телекомуникации, електротехничар – енергетичар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Современи технологии на економските сектори  СЕКТО/СТРУКА: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА/ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА заеднички предмети за квалификаците/образовните профили електротехничар за електроника и телекомуникации електротехничар-енергетичар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Анатомија и физиологија 1 ГОД
ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ЗДРАВСТВЕНА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: медицинска сестра, гинеколошко-акушерска сестра, забен техничар, дентален асистент, фармацевтски техничар, медицински лабораториско-санитарен техничар, физиотерапевтски техничар

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕН

Техничко цртање СЕКТОР/СТРУКА ТЕКСТИЛ,КОЖА И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ/ТЕКСТИЛНО КОЖАРСКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: техничар за изработка на облека, техничар за моделирање на облека,техничар за дизајн на облека, техничар за на  обувки, техничар за моделирање обувки

ПРЕТСЕДАТЕЛ

 

 

Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

За претседател:
- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

За член:
- да бидат наставници од средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
-уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република СевернаМакедонија),
-    изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
-потврда за работно искуство издадена од АВРСМ
- потврда од установата во која е вработен.


Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје


Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на  Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр.
54,Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 
29.03.2024 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

 





 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar