Стипендии за ученици од земјоделско-ветеринарна струка
Стипендии за ученици од електро-техничка струка
Стипендии за ученици од градежно-геодетска струка
Стипендии за ученици од машинска струка
Стипендии за ученици од текстилно-кожарска струка
Стипендии за ученици од угостителско - туристичката струка
Средношколците кои се стекнаа со правото на користење ученичка стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до 22.12.2020 година да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје). Прием на документите ќе се врши и во сабота 19.12.2020 година.
Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.