Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска се сретна со претставници на МОФ: Продолжуваме да ги унапредуваме младинските права и политики

Царовска се сретна со претставници на МОФ: Продолжуваме да ги унапредуваме младинските права и политики

 

Царовска се сретна со претставници на МОФ: Продолжуваме да ги унапредуваме младинските права и политики

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одржа работен состанок со претставници на Младинскиот образовен форум (МОФ). На состанокот беше заклучено дека МОН ќе ја продолжи и ќе ја унапредува соработката со младинските организации во насока на подобрување на правата и политиките за младите.

Министерката Царовска истакна дека соработката со младите и нивното активно и посветено учество во носењето одлуки и креирањето политики е неопходно за квалитетни реформи и процеси за унапредување на квалитетот на образованието, но и подобрување на целокупниот животен стандард на младите во нашата држава.

Претставниците на Младинскиот образовен форум на средбата посочија дека продолжуваат да бидат партнер на институциите преку изработка на истражувања, анализи и предлози за квалитетни младински политики и очекуваат тоа партнерство да продолжи со уште поинтензивна динамика во наредниот период. 

[ понеделник, 07 септември 2020 ] [ 3628 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar