Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен оглас за рецензенти на учебници

Јавен оглас за рецензенти на учебници

 

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:



ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници



1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.


2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

-        Јазик и култура на Србите (изборен предмет) за III одделение  на деветгодишно основно образование;
-        Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за III одделение  на деветгодишно основно образование;
-        Јазик и култура на Србите (изборен предмет) за IV одделение  на деветгодишно основно образование,
-        Музичко образование за IV одделение  на деветгодишно основно образование и
-        Музичко образование за V одделение  на деветгодишно основно образование.

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

-        да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и
-        да бидат наставници од основно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

-        уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),
-        изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
-        преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.


Пријавата може да се симне од овој линк или да се подигне во просториите на  Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.
Краен  рок  за  доставување   на  пријавите  е  31.08.2020 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

[ четврток, 13 август 2020 ] [ 3541 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar