Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повик за учество во комисија за измени на учебник

Повик за учество во комисија за измени на учебник

 

Повторен повик за учество во комисија за давање мислење по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по предметот - Македонски јазик за V одделение на деветгодишно основно образование

 

Врз основа на член 14-a од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

ПОВТОРЕН ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС


за  учество во комисија за давање мислење
по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по предметот:

 

-       Македонски јазик за V одделение на деветгодишно основно образование;

Заинтересираните кандидати за учество во комисија за давање мислење по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по горенаведениот предмет за  основно образование,  треба да ги исполнуваат следните услови:

-       да се наставници/соработници од факултети од областа на наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата)  или  

-        да се наставници од основното односно средното образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата).

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

-       уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија), 

-       изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование;

-       преглед на регистирани податоци  во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија.

Пријавата e прикачена подолу во овој повик, а може да се подигне и во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е  07.08.2020 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

 

                                                         

                                                                                                        

 

 

[ четврток, 30 јули 2020 ] [ 1291 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar