Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Сите ученици и сите наставници имаат поддршка од МОН, во општина Чашка докажавме дека знаеме како да надминеме крупни предизвици

Шаќири: Сите ученици и сите наставници имаат поддршка од МОН, во општина Чашка докажавме дека знаеме како да надминеме крупни предизвици

 

Шаќири: Сите ученици и сите наставници имаат поддршка од МОН, во општина Чашка докажавме дека знаеме како да надминеме крупни предизвици

 

Ниту една општина не е заборавена, сите ученици и сите наставници треба да знаат дека не се оставени сами, туку имаат поддршка од Министерството, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири по посетата на основните училишта во општина Чашка, каде Министерството за образование реализираше капитални инвестиции.

„Дојдов од градоначалникот, наставниците и учениците да слушнам како се одвива наставата во училиштата во општина Чашка. Реформата на образованието што ја реализираме, покрај нови наставни планови и програми, како и нови учебници, значи и инвестиција во подобри услови каде децата ќе учат а наставниците ќе работат“, нагласи Шаќири.

Во Подрачното основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Извор, се изведени градежни зафати и реновирање што овозможуваат поквалитетна настава, ги мотивираат и учениците и наставниците за постигнување повисоки резултати а значат и за целата заедница. Министерството за образование и наука вложи 4,7 милиони денари во новиот училишен објект во село Согле, што беше завршен во октомври, лани. Исто така, беше извршена доградба и надградба на училишниот објект во село Долно Јаболчиште, како и реконструкција на ОУ „Лирија“ во село Јаболчиште, а  вредноста на зафатот е 16,1 милион денари.

„Она што посебно сакам да го нагласам е дека овде, во училиштето „Тодор Јанев“, каде што го имавме најголемиот предизвик, наставата се одвива за сите ученици запишани во училиштето, без оглед на националната припадност. Со заеднички напори на Министерството, Владата, Советот на родители и претставници на локалната самоуправа, ги надминавме недоразбирањата“, изјави министерот Шаќири, додавајќи дека заедно со општината, Министерството ќе изгради нов училишен објект, како трајно решение со кое сите ученици ќе можат да го остварат правото на образование на мајчин јазик. 

[ четврток, 21 март 2024 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar