Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Оглас за ангажирање лица во проектаната единица за имплементација на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“

Оглас за ангажирање лица во проектаната единица за имплементација на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“

 

Проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“, кој се реализира во рамките на Министерството за образование и наука, има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците.  Проектот е финансиран со средства од Буџетот на Република Северна Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.

Министерството за образовани и наука има потреба од ангажирање на 3 (три) лица во проектната единица за имплементација на проектот на следниве позиции:

 

-          Аситент за набавки (1 лице)

-          Проектен аситент (1 лице)

-          Супервизор асистент (1 лице)

 

Минималните критериуми кои треба да ги исполнуваат лицата на наведените позициите се следниве:

        I.  За позиција проектен  асистент:

-   Високо образование – студии од областа на општи науки (Економски факултет)

-   Најмалку 3 (три) години работно искуство

-   Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

-   Работа со компјутери (MS Office)

     II За позиција супервизор-асистент:

-   Високо образование –студии од областа на градежништвото или архитектура

-   Најмалку 3 (три) години работно искуство

-   Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

-   Работа со компјутери (MS Office)

-   Возачка дозвола Б категорија

  III.   За позиција асистент за јавни набавки:

- Високо образование – студии од областа на општи науки (Правен факултет)

-   Најмалку 3 (три) години работно искуство

-   Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

-   Работа со компјутери (MS Office)

 

Покрај наведените критериуми за секоја од позициите избраните кандидати треба да ги поседуваат следниве вештини:

- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;

- Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;

- Способност за расчистување на проблематични ситуации;

- Висока мотивираност за остварување на зададените цели и задачи

 

Заинтересирани лица / кандидати потребно е да достават апликација кој содржи:

-          кратка биографија на македонски јазик (CV) и

-          писмо за изразување интерес на македонски јазик со назнака за која позиција аплицираат

 

Кратка биографија (CV) задолжително содржи податок за бројот на стекнати ЕКТС кредити за образованието.

 

Нецелосните апликации, како и апликациите на лицата/кандидатите кои не ги исполнуваат минималните услови од овој оглас се одбиваат.

 

Апликациите треба да се достават најдоцна до 14.12.2020 година на mail vulnet.saliu@mon.gov.mk

 Министерството за образование и наука го задржува правото на интервју со потенцијалните кандидати.

 

[ петок, 04 декември 2020 ] [ 566 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar