Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Конкурси / Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време во Министерството за образование и наука

Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време во Министерството за образование и наука

 

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република  Северна Македонија бр. 275/19  и бр.14/20) и член  22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/05, 106/08, 161/8, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10,124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14,20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/19), Министерството за образование и наука објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС

за засновање на работен однос на определено време во

Министерството за образование и наука

 

Министерството за образование и наука има потреба од вработување 3 (три) лица на определено време за период додека трае мандатот на министерот за образование и наука, за следните работни места:

 

1.    Посебен советник за образовни политики -1 извршител

2.    Посебен советник за буџетска координација - 1 извршител и

3.    Посебен советник за односи со јавност – 1 извршител

 

Кандидатите покрај општите услови: да се државјани на Република Северна Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетени, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

 

1. За работното место - Посебен советник за образовни политики:

 

Вид на образование :                                       

- најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, образование, педагогија или психологија

Работно искуство:

Најмалку 5 години работно искуство во областа

Други професионални квалификации

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски);

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-работа во меѓународни проекти и во невладин сектор

 

2. За работното место - Посебен советник за буџетска координација:

 

Вид на образование:                                       

-најмалку 300 кредити според ЕКТС или VII/2 степен на стручна подготовка, економски науки или организациони науки и управување (менаџмент)

Работно искуство:

- најмалку 10 години работно искуство во областа

Други професионални квалификации способности и вештини:

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски);

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

- работа на проекти поврзани со буџетска координација и менаџмент на процеси, а особено работа за буџетска координација и менаџмент на процеси во јавен сектор

 

3. За работното место - Посебен советник за односи со јавност:

 

Вид на образование :                                       

- најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, политички науки отсек новинарство

Работно искуство:

Најмалку 10 години работно искуство во областа

Други професионални квалификации:

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски);

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-искуство во работа со односи со јавност во државни институции

 

 

 

За горенаведените работни места неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7:30/8:30-15:30/16:30), а нето плата изнесува меѓу 50.000 денари и 60.000 денари

 

Како посебни услови за работа во кабинетот се предвидуваат работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон заради извршување на итни и неодложни работи како 24 часовна достапност на функционерот во чиј кабинет работат посебните советници.

 

Со избраните кандидати ќе се склучат договори за вработување на определено време

Вработувањето на посебниот советник трае најдолго до истекот на мандатот на министерката за образование и наука.

 

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи

 

Со пријавата покрај кратка биографија, кандидатите се должни да достават и соодветни докази во оригинална форма или .копија заверена кај нотар, во поглед на општите и посебните услови и тоа:

 

 

Уверение/Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место, Потврда за работното искуство, доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), доказ за државјанство на Република Северна Македонија, доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, Биографија.

 

Рокот за доставување на потребната документација е 3 (три) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат.

 

Бараните документи се доставуваат во затворен коверт со напомена: “Да не се отвора”, на следнава адреса:

 

Министерство за образование и наука

Одделение за управување со човечки ресурси

бул. Св. „Кирил и Методиј“ 54 Скопје

(со назнака “за оглас”)

Скопје

 

На спротивната страна на ковертот да се наведе редниот број на работното место за кое се аплицира, со напомена: “Да не се отвора”

 

Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во архивата на Кабинетот најдоцна до денот на завршувањето на рокот на јавниот оглас.

 

Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.

 

Постапката за вработувањето на овој јавен оглас ја спроведува Комисија за селекција и избор на кандидати по јавен оглас.

Јавниот оглас за вработување на наведеното работно место, да се објави во најмалку два дневни весници од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.

 

                                                                

       Министерство за образование и наука

 

[ четврток, 10 септември 2020 ] [ 2248 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar