Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Вести и настани / Известување

Известување

 

Почитувани студенти,

Заради настанатата здравствено-безбедносна состојба со вирусот COVID-19, Министерството за образование и наука ве известува дека рокот за објавување на конечните списоци на примени кандидати за сместување во студентските домови, утврден во Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година, ќе биде пролонгиран.

За датумот на објавување на конечните списоци навремено ќе бидете информирани преку интернет страницата на Министерството за образование и наука.

[ понеделник, 07 септември 2020 ] [ 2221 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar