Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Вести и настани / Царовска се сретна со претставници на студентите: Младите се наш важен партнер во создавањето на успешни политики

Царовска се сретна со претставници на студентите: Младите се наш важен партнер во создавањето на успешни политики

 

Царовска се сретна со претставници на студентите: Младите се наш важен партнер во создавањето на успешни политики

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денес се сретна со претставници на Универзитетско - студентските собранија. На состанокот се разговараше за сите прашања кои се поврзани со младите и нивното квалитетно образование, но и за зајакнување на соработката помеѓу МОН и собранието на студентите, како и воопшто со сите млади во државата.

 

Министерката Царовска истакна дека студените и младите ќе бидат еден од клучните партнери на министерството во креирањето на успешни политики со кои ќе создадеме современо и квалитетно образование, но и ќе работиме на подобрување на младинскиот живот и стандард.

 

Претставниците на собранијата истакнаа дека соработката е добредојдена и очекуваат активно вклучување на младите во креирањето на сите важни младински политики во државата, посебно на оние кои се однесуваат на подобрување на условите за живот.

 

 

[ петок, 04 септември 2020 ] [ 573 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar