Кодекс за административни службеници

 

 

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

Врз основа на член 7 став (1) точка 8 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14) министерот за информатичко општество и администрација донесе

 

КОДЕКС ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

 

Со овој кодекс се пропишуваат етичките стандарди и правилата на однесување на административните службеници. Целта на овој кодекс е поттикнување на доброто постапување и однесување на административните службеници и зајакнување на довербата на граѓаните во работата на институциите на јавниот сектор.

Етичките стандарди и правилата на однесување административниот службеник ги применува во односите со колегите, со претпоставените и со странките, на неговото работното место, но и во приватниот живот и јавноста.

[ 1139 ]