Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Стипендии на Владата на Словачката Република за академската 2024/2025 година

Стипендии на Владата на Словачката Република за академската 2024/2025 година

 

Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за аплицирање на кандидати од Р.С. Македонија за стипендии на Владата на Словачката Република (Slovak Republic Government Scholarship), за додипломски и магистерски студии во одредени области на образование (во прилог) за академската 2024/2025 година.

 

Подетални информации во врска со финансиските услови за овие стипендии може да се најдат на: https://www.minedu.sk/scholarships-of-the-government-of-the-slovak-republic/ .

 

Основните услови за добивање владина стипендија се:

1) номинација од Министерството за надворешни работи/Министерството за образование на матичната земја/Амбасадата на Република Словачка во Скопје,

2) постигнатиот успех во текот на средното образование или универзитетските студии,

 3) избрано поле на студирање

 

Упатството за аплицирање  може да се најде на веб страницата: www.vladnestipendia.sk / www.vladnestipendia.sk/en/ .

Апликациите  треба да бидат доставени електронски, во периодот од 25 март до 30 мај 2024 година.

 

За техничка поддршка може да се обратите директно до:

helpdesk@studyabroad.sk или на тел. број: +421 907 551 404.

 

Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат горенаведените услови нема да бидат разгледани од страна на селекциониот панел. Оригиналните електронски доставени документи прифатениот апликант ќе ги донесе и ќе ги достави до Секторот за меѓународни односи на Министерството за образование, истражување, развој и млади на Република Словачка по неговото/нејзиното пристигнување во Република Словачка.

 

Услов за доделување на владината стипендија за стандардна должина на високообразовни студии е познавање на словачкиот јазик на потребното ниво и прием за студирање во избраната област на државен универзитет во Република Словачка. За подобро изучување на  словачкиот јазик, апликантите за владина стипендија имаат можност да поминат јазична и стручна обука за словачки јазик и стручни предмети со фокус на подобрување на комуникациските вештини неопходни за совладување на универзитетските студии на словачки јазик. Обуката е бесплатна за избраните апликанти и истата ќе биде организирана од страна на Универзитетот „Матеј Бел“ во Банска Бистрица, во периодот од 2 септември 2024 година  до 30 јуни 2025 година.

 

Контакт E-mail: studentski.stipendii@mon.gov.mk

 

Прилог: Области на студирање за кандидати од Р.С. Македонија

[ понеделник, 25 март 2024 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar