Владата на Народна Република Кина за академската 2021/2022 година доделува 5 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (2 стипендии доделени од Владата на НР Кина и 3 унилатерални стипендии).
Кандидатите потребно е да се пријават онлајн и да ги прикачат следните документи:
- Пријавен лист (пријавувањето е онлајн на www.csc.edu.cn/studyinchina или на www.campuschina.org, агенциски број 8071 пополнетиот формулар се доставува и во министерството).
- Фотокопија од патната исправа: Кандидатите треба да достават скенирана копија од патната исправа со важност подоцна од 1 март 2022 година,
- Фотокопии од свидетелствата за завршните години од средно образование (за редовни- додипломски студии) преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,
- Фотокопија од дипломата за завршено високо образование (магистерски и докторски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,
- Фотокопија од уверението за положени испити (магистерски и докторски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,
- План за студиите (до 200 зборови за редовни студии, до 500 зборови за специјализации и до 800 зборови за магистерски и докторски студии),
- Две препораки од универзитетски професори (магистерски и докторски студии и специјализации),
- Лекарско уверение (Foreigner Physical Examination Form) се пополнува на англиски јазик и треба да ги содржи сите наведени испитувања, да има потпис од доктор, официјален печат од здравствената установа и прикачена фотографија од кандидатот и да биде со важност од 6 месеци.
- Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на музиката, покрај наведените документи треба да достават и ЦД со нивни музички изведби, а кандидатите кои се пријавуваат за студии по уметност, покрај наведените документи, треба да достават и ЦД со нивните уметнички творби (2 цртежа, 2 слики во боја и 2 творби по сопствен избор).
- Уверение за неосудованост да не биде постаро од шест месеци.
При аплицирањето кандидати можат да ги прикачат и следните документи:
- Писмо за прифаќање од избраниот универзитет (подетални информации на htpp://www.CampusChina.org и www.csc.edu.cn/Laihua/universityen.aspx),
- Потврда за познавање кинески јазик (HSK сертификат) или англиски јазик (IELTS или TOFEL сертификат),
Краен рок за пријавување е 13.02.2021 година.
Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии од Владата на Народна Република Кина, треба да достават копија од пријавниот лист (точка 1 од потребните документи) во архивата на Министерството за образование и наука до 13.02.2021 година.
Пропишаните обрасци се прикачени во прилог на оваа објава. Подетални информации може да се добијат на тел: 02 3140 185/лице за контакт: Олга Дуковска-Атов, како и на интернет страните http/www.campuschina.org или http//en.csc.edu.cn/studyinchina.
Прифатените кандидати студиите ќе ги започнат од септември 2021 год.
Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.