Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Вести и настани / Царовска: Заедно со наставниците, учениците и родителите ќе ги направиме сите промени за подобро образование

Царовска: Заедно со наставниците, учениците и родителите ќе ги направиме сите промени за подобро образование

 

Царовска: Заедно со наставниците, учениците и родителите ќе ги направиме сите промени за подобро образование

 

Образовниот систем ќе го подобруваме врз основа на факти и аргументи што ќе ги добиеме од Националното тестирање што ќе биде идната година, резултатите од матурата, оценките на крајот од годината, меѓународните тестирања и забелешките на учениците, родителите и наставниците, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето во инфомагазинот „Објектив“ на Националната телевизија.  

 

„Работната група не почна да работи нова концепција за основно образование без да ги праша наставниците. Пуштивме прашалник со истражување до сите наставници, да видиме кои се нивните ставови, што не чини. Затоа што е важно што мисли наставникот. Сега истото тоа истражување ќе се спушти на ниво на родители и на ниво на ученици, и нив да ги слушнеме што клучно треба да се промени за да имаме добро образование и врз основа на меѓународните искуства ќе искреираме наш нов македонски образовен систем на основно образование којшто ќе дава резултати и на домашните тестирања и на меѓународните тестирања. Но клучно, ќе ги научи децата критички да размислуваат и да донесуваат одлуки“, рече Царовска.

 

Министерката посочи дека во тек се подготoвките за меѓународните тестирања, што ќе се одржат идната година.

 

„Прво се одржаа вебинари со директорите и со наставниците, сега им се дадоа инструкции и писмени задачи, за да се изложат децата на тие задачи, да ги видат, да ја разберат логиката позади тие задачи и сега тие имаат три месеци да вежбаат, за да заеднички се припремат. На тој начин ќе ги предизвикаме учениците да учат повеќе и да бидат припремени за меѓународните тестирања. Но исто така да разберат што значат тие задачи. Во нашиот образовен систем тие задачи малку се присутни“, рече Царовска. 

 

[ петок, 20 ноември 2020 ] [ 949 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar