Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повик за стипендии за додипломски, последипломски и докторски студии на државните универзитети и колеџи во Унгарија за академската 2021/2022 година

Повик за стипендии за додипломски, последипломски и докторски студии на државните универзитети и колеџи во Унгарија за академската 2021/2022 година

 

Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) на Владата на Унгарија за учебната 2021/2022 година за кандидати од Република Северна Македонија доделува вкупно 20 стипендии, и тоа:

·       7 стипендии за целосни додипломски (BA/BSc) студии, во областа на   земјоделството, инженерството, технологијата, здравствената наука и здравствената заштита, економијата, либералните уметности и природните науки, во траење од 2 до 4 години;

·         7 стипендии за целосни последипломски студии (MA/MSc), исто така од горенаведените области, во траење од 1,5 до 2 години;

·      4 стипендии за редовни докторски студии (PhD/DLA) во било која област, по добивањето на согласност од соодветната високо образовна институција, во траење од 2+2 години и

·       2 стипендии за Интегрирани магистерски студии (one-tier master - OTM) во траење од 1 или 2 семестари во областите земјоделство, здравствени науки и здравствена заштита;

Стипендиите може да се користат и за програми за обука кои траат од 3 до 10 месеци.

Доколку студиите се изведуваат на некој странски јазик, потребно е кандидатите да го познаваат тој јазик на ниво кое го бара институцијата домаќин (универзитетот).

Напомена за студентите на додипломски и последипломски студии:

Доколку студиите се изведуваат на унгарски јазик, прифатените студенти за време на првата година на студии, треба задолжително да посетуваат курс за унгарски јазик, кој го нуди универзитетот каде ќе студираат и мора да го положат испитот на крајот на вториот семестар.

 

Кандидатите за докторски студии не можат да аплицираат за додипломски студии, последипломски студии и Интегрирани магистерски студии (one-tier master - OTM)

 

Стипендијата за додипломски студии, последипломски студии и Интегрирани магистерски студии (one-tier master - OTM) ги покрива следниве трошоци:

 

·         Школарина;

·         Месечна стипендија во износ од 43.700 ХУФ  (~ 120 eврa)

·         Сместување во студентски кампус во институцијата домаќин или надоместок за сместување во износ од 40.000  ХУФ месечно

·          Здравстено осигурување;

 

Стипендијата за дoкторски студии ги покрива следниве трошоци:

 

·         Школарина;

·         Месечна стипендија во износ од:

 -140.000 ХУФ  (~ 390 eврa)  за првата фаза од студии (4 семестри) и

- 180.000 ХУФ (~ 500 eврa) за втората фаза од студии (4 семестри) за      период од 12 месеци годишно, до завршување на студиите;

·         Сместување во студентски кампус во институцијата домаќин или надоместок за сместување во износ од 40.000 ХУФ  месечно ;

·         Здравствено осигурување;

 

Сите подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи за аплицирање, како и листа на студиски програми на државните унгарски универзитети, факултети и колеџи и целосниот текст на Конкурсот (Cal for application 2020-2021) може да се најдат на: https://apply.stipendiumhungaricum.hu/

Контакт е-маил адреса: stipendiumhugaricum@tpf.hu

 

Начин на аплицирање:

Аплицирањето се врши исклучиво по електронски пат. Секој кандидат има можност да аплицира за две различни студиски програми, по избор. Формуларот за аплицирање може да се преземе од следната интернет страна:

https://apply.stipendiumhungaricum.hu/

 

Потребните документи за аплицирање задолжително се доставуваат по електронски пат на горенаведената интернет страница. Оnline системот за поднесување на потребните документи ќе биде отворен од 16 ноември 2020 година до 16  јануари 2021 година, до 23:59 часот.

Освен ова, потребно е секој кандидат истата апликација за стипендија од Програмата Стипендиум Хунгарикум, со сите барани документи да ја испрати на следнава e-mail адреса:  aleksandar.tutnovski@mon.gov.mk 

[ среда, 18 ноември 2020 ] [ 2458 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar