Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Конкурси / Јавен повик за доставување на апликации (барања) за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти нa општински основни и средни училишта под надлежност на општините и на Градот Скопје со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука

Јавен повик за доставување на апликации (барања) за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти нa општински основни и средни училишта под надлежност на општините и на Градот Скопје со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука

 

Ј А В Е Н     П О В И К

за

доставување на апликации (барања) за финансирање на проекти за реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта во надлежност на Општините и на Градот Скопје со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука

I

Со цел подобрување на условите и квалитетот на училишното образование и воспититание, Министерството за образование и наука објавува Јавен повик за доставување на Апликации (Барања) од Општините и Градот Скопје за финансирање на проекти за реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта во надлежност на Општините и на Градот Скопје.

Средствата за оваа намена ќе се обезбедат од Буџетот на Министерството за образование и наука, Раздел 16001, сметка 637, а ќе се реализираат преку постапка за јавна набавка спроведена од Министерството за образование и наука.

II

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета Апликација (Барање) со прилози:

-         Имотен лист за училишниот објект предмет на Апликацијата (Барањето) за реконструкција, како задолжителен прилог;

-         Основен проект со содржана предмер пресметка и Ревизија на проект од овластен проектант/ревидент што работите за проектирање/ ревизија  ги вршат во правно лице кое е регистрирано во Централниот регистар за вршење на соодветна дејност и кое поседува лиценца за проектирање/ревизија, како задолжителен прилог;

-         Фотодокументација за приказ на состојбата за реновирање.

Апликацијата (Барањето) за финансирање на проект за реконструкција на училишен објект на основно или средно училиште во надлежност на Општините и на Градот Скопје со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука е прилог и составен дел на овој Јавен повик.

Информациите кои се презентирани во Апликација (Барање) треба да се точни и комплетни.

Одговорноста за точноста на информациите во Апликацијата (Барањето) ја превзема Општината/Град Скопје.

Апликацијата се потпишува од страна на Градоначалникот (своерачно).

Апликациите (Барањата) кои не се комплетни и не ги содржат задолжителните прилози ќе бидат одбиени, без претходно оценување и рангирање. Апликацијата (Барањето) ќе биде одбиено доколку:

-         Нема приложено имотен лист и не исполнува услови согласно прописите од градежната област;

-         Нема Основен проект со содржана Предмер-пресметка и Ревизија на проект од овластен проектант/ревидент што работите за проектирање/ ревизија  ги вршат во правно лице кое е регистрирано во Централниот регистар за вршење на соодветна дејност и кое поседува лиценца за проектирање/ревизија;

-         Нема Изјава за осигурување на училишните објекти (прилог и составен дел на апликацијата);

-         Нема Изјава за обезбедување на услови за лица со инвалидитет (прилог и составен дел на апликацијата);

-         Нема Согласност за превземање на подготвителни и тековни активности за навремено започнување и непречено извршувањена градежните работи (прилог и составен дел на апликацијата);

-         Нема согласност за финансирање на непредвидени работи и вишоци (прилог и составен дел на апликацијата).

Апликацијата (Барањето) ќе биде одбиена без претходно оценување и рангирање и доколку:

-         Училишниот објект е изграден во последните 10 години;

-         Се оцени дека Основниот проект со содржана предмер пресметка не е целосен или содржат пропусти што имаат влијание врз целосно функционална изведба на работите, содржат недоволно јасни дефинирани позиции и описи или други пропусти, а поради ризици за неефикасна и неекономична  изведбата на работите или ризици по здравјето и безбедноста на корисниците.

Министерството за образование и наука ја известува Општината/Градот Скопје за одбивање на Апликација (Барање) во рок од 14 дена по добивање на Апликацијата (Барањето), со писмено известување кое содржи образложение за одбивањето.

Апликацијата (Барањето) се поднесува за реконструкција на еден училишен објект на училиште. Општината/ Градот Скопје може да поднесат повеќе од една апликација (барање) според потребите и приоритетите за реконструкција на училишните објекти на училиштата во надлежност на Општината/Градот Скопје.

III

Оценувањето (бодирањето) и рангирањето на пристигнатите Апликации (Барања) ќе го врши комисси формирани од министерот за образование и наука, врз основа на следните критериуми за оценување (бодирање):

КРИТЕРИУМИ И ПОТКРИТЕРИУМИ ЗА БОДИРАЊЕ

Вкупни бодови

Максимални основни бодови

Бодови за приоритет

А. Критериуми за степенот на потребата и приоритет за реконструкција

80

42

38

А1. Степен на потреба/ приоритет за реновирање на санитарни јазли/тоалети

12

6

6

А2. Степен на потребата/приоритет за реконструкција на електрична инсталација

12

6

6

А3. Степен на потреба/приоритет за санација или изведба на громобранска инсталација

12

6

6

А4. Степен на потреба/ приоритет за реконструкција на кровна конструкција

10

6

4

А5. Степен на потреба/приоритет за реконструкција или нов систем за греење

10

6

4

А6. Степен на потреба/приоритет од реновирање на подот

8

4

4

А7. Степен на потреба/ приоритет за реконструкција на дограмата

8

4

4

А8. Степен на потреба/приоритет од реконструкција на фасадата/ внатрешни зидови и таван

8

4

4

Б. Критериум за демографскиот фактор

12

12

 

Б1. Број на ученици во училишниот објект

2

2

 

Б2. Број на смени во училишниот објект

3

3

 

Б3. Просечен број на ученици по паралека во училишниот објект

3

3

 

Б4. Број на ученици во однос на претходната година (во училишниот објект)

2

2

 

Б5. Рурална / урбана средина

2

2

 

В. Критериум за степен на развиеност на регионот

8

8

 

Бодови според степен на развиеност на регионот

8

8

 

МАКСИМАЛНИ ВКУПНИ БОДОВИ (пред негативно бодирање)

100

 

 

Негативно рангирање

-10

 

 

МАКСИМАЛНИ ВКУПНИ БОДОВИ

90

 

 

Негативно бодирање се применува за непримена или делумна примена на Упатството со прирачник за оддржување на училишни објекти - прв дел и Упатството со прирачник за оддржување на училишни објекти - втор дел.

Оценувањето (бодирањето) на проектот за секоја поднесена Апликација (Барање), се врши на Преглед за бодирање на проект по доставена Апликација (Барање) за реконструкција на училишен објект, даден во прилог на овој Јавен повик.

IV

Апликацијата (Барањето) се пополнува и испраќа:

-         во печатена форма (електронски пополнета апликација), потпишана и заверена и со прилози кон апликацијата, во писарницата на Министерството за образование и наука, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје

Апликацијата (Барањето) и прилозите што се доставуваат преку писарницата на Министерство за образование и наука, задолжително се доставуваат во коверт со назнака до Кабинет на министер - „Јавен повик за доставување на апликации (барања) за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти“.

V

Јавниот повик e отворен, без рок за поднесување на Апликации (Барања) и истиот е објавен на официјалната веб страница на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.

Оценувањето (бодирањето) и рангирањето на пристигнатите и неодбиени Апликации (Барања) ќе се врши секоја година, со пресек:

-         Рангирање до 25 – ти декември, за пристигнати Апликации (Барања) до 15 -ти декември;

-         Рангирање до 25 –ти април, за пристигнати Апликации (Барања) до 15 - ти април; и

-         Рангирање до 25 – ти август, за пристигнати Апликации (Барања) до 15 - ти август.

Резултатите од рангирањето на проектите по пристигнати и неодбиени Апликации (Барања), ќе бидат објавени на официјалната веб страница на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.

По извршеното рангирање, Министерството за образование и наука ја известува Општината/Градот Скопје за финансирање на проектите по пристигнати и неодбиени Апликација (Барање). За финансирање на проекти за реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта под надлежност на Општините/Градот Скопје со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука по поднесена Апликации (Барања) на овој Јавен повик, Министерството за образование и наука и Општината/ Градот Скопје, склучуваат меѓусебен Договор со кој ги регулираат меѓусебнита права и обврски.

Планот за динамиката на финансирање на проектите по рангирањето на пристигнати и неодбиени Апликации (Барања), ќе се утврдува врз основа на обезбедените буџетски средства во Буџетот на Министерството за образование и наука, Раздел 16001, сметка 637.

Во случај на повеќе од една Апликација (Барања) од една Општина/Град Скопје, а во услови на ограничени средства во Буџетот на Министерството за образование и наука, Министерството може да го ограничи бројот на проекти за финансирање по поднесени Апликации (Барања) од Општината/Градот Скопје во текот една фискална година и да планира нивна реализација во наредни фискални години.

VI

Општината/Градот Скопје се обврзува за основните проекти кои се во тек на изработка или ќе почнат да се изработуваат по објавување на овој оглас заради доставување на Апликација (Барање) за финансирање од страна на Министерството, задолжително да обезбеди увид на лице место на овластено лице од Министерството за образование и наука при мерење и снимање на состојбата од страна на проектантот и да обезбеди увид преку консултативна средба, електронска преписка и сл. во текот и пред конечност на доставување на Основниот проект од страна на агажирана фирма, помеѓу општината, училиштето, фирмата за проектирање и стручни лица од Министерството за образование и наука, со цел да се спречат евентуални пропусти поради превид или несоодветно планирање. По доставената Апликација (Барање), Општината се задолжува за проектот да обезбеди увид на лице место од страна на овластено стручно лице од Министерството за образование и наука.

Општината/Градот Скопје се обврзува да обезбеди дека во Основниот проект за реконструкција на училишен објект заради доставување на Апликација (Барање) за финансирање од страна на Министерството, ќе бидат предвидени еколошки материјали и решенија што придонесуваат кон енергетска ефикасност истовремено водејќи сметка за рационални и економични технички решенија.

Општината/Градот Скопје се обврзува во текот на реализација на проектот (од почеток до конечна изведба на градежните работи), по потреба да обезбеди вклученост на фирмата што го изготвила Основниот проект, во случај кога е потребно нивно мислење, појаснување или одредени промени од значајност за функционална реализација на проектот.

Општината/Градот Скопје има обврска писмено да го извести Министерството за образование доколку по поднесување на Апликацијата (Барањето) во меѓувреме настанат околности со кои привремено се оневозможува реализација на проектот за реновирање на училиштето или да достави известување за повлекување на Апликацијата (Барањето) доколку во меѓувреме се планирани или обезбедени средства за финансирање на проектот од други извори на средства, како и кога настанале непредвидени околности кои имаат влијание поднесениот проект да не одговара односно да се разликува во однос на актуелните реални потреби, кога настанало попречување на условите за изведба на градежните работи согласно прописите од градежната област или поради други причини.

VII

Прашањата за дополнителни информации, појаснување и стручни консултации и координација, може да се достават писмено во архивата на Министерството за образование и наука, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје,со назнака: До Кабинет на министер – за финансирање на проекти за реновирање на основни и средни општински училишта или по електронски пат на следната е-маил адреса: rekonstrukcija@mon.gov.mk. Контакт телефон: 075 543 040.

VIII

Овој Јавен повик не се однесува на финансирање на проекти во случај на потреба  за санација на училишни објекти на основни и средни училишта под надлежност на Општините/Градот Скопје со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука, предизвикано од виша сила (пожар, поплава земјотрес, и сл.), за кое е потребно итно и неодложно санирање на училишниот објект или дел од училишниот објект.

 

[ петок, 13 ноември 2020 ] [ 2975 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar