Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Конкурси / Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година

 

 

Врз основа на член 49 став 5 од Законот за студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14,146/15, 30/16, 178/16 и 64/18 , 20/19 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/19 и 248/20 ) и Решението за распишување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската  2020/2021  година бр. 19- 12841/1од 13.11.2020, Министерството за образование и наука, распишува

 

КОНКУРС

за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година

 

 Министерството за образование и наука за студиската 2020/2021 година со конкурсот ќе додели вкупно 130 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македoнија.

 

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Право на стипендија имаат студентите запишани на студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните високообразовните установи во Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:

1.Да се припадници на Ромската етничка заедница;

2.Да се државјани на Република Северна Македонија;

3.Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

 

II.КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Стипендиите за студенти Роми ќе се доделат согласно следните критериуми:

1. Постигнатиот среден успех на кандидатот од сите години од средното образование, за студентите кои се запишани во прва година на студии;

2. Постигнатиот среден успех од сите претходни студиски години за студентите кои студираат во сите останати години;

3. Да се редовни студенти на некој од јавните или приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година;

4. Предност при селекција ќе имаат студентите Роми кои студираат на јавните или приватните факултети во Република Северна Македонија кои образуваат наставен кадар.

Студентите кои во студиската 2019/2020 година биле корисници на стипендија од Министерството за образование и наука, а не запишале нареден семестар или повисока студиска година, немаат право на стипендија во академската 2020/2021 година.

 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата изнесува 5,000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година.

 

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://konkursi.mon.gov.mk а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 13.11.2020 до 30.11.2020 година, од 09-15 часот. Потребните документи за доставување се следните:

 

A) За студенти запишани во прва студиска година потребни се следните документи:

 

1. Барање за стипендирање на студенти Роми, за студентите што ќе се аплицираат хартиено;

2. Пријава за стипендирање на студенти Роми;

3. Потврда за редовен студент во студиската 2020/21;

4. Копии од свидетелства од сите 4 години од средно образование заверени на нотар;

5. Изјава дека кандидатот е припадник на ромската етничка заедница;

6. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;

7. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот за потребите на Министерството за образование и наука;

8. Копија од уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

9. Копија од трансакциска сметка на име на студентот.

 

Б) За студентите од сите останати студиски години, потребни се следните документи:

1. Барање за стипендирање на студенти Роми , само за студентите што ќе аплицираат хартиено;

2. Пријава за стипендирање на студенти Роми;

3. Потврда за редовен студент во студиската 2020/21;

4. Копија од индекс;

5. Уверение за положени испити (оригинал или копија заверена на нотар);

6. Изјава дека кандидатот е припадник на ромската етничка заедница;

7. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;

8. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот за потребите на Министерството за образование и наука;

9.  Копија од уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

10. Копија од трансакциска сметка на име на студентот.

Ненавремената документација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.

 

Контакт лице за дополнителни информации - Арабела Илјаз, arabela.iljaz@mon.gov.mk

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar