Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Организацијата за европска соработка во науката и технологијата (COST), можност за вмрежување помеѓу научниците ширум Европа

Организацијата за европска соработка во науката и технологијата (COST), можност за вмрежување помеѓу научниците ширум Европа

 

Организацијата  за европска соработка во науката и технологијата (COST), можност за вмрежување помеѓу научниците ширум Европа

 

Република Северна Македонија активно соработува со европската мрежа на научници преку Организацијата за Европска соработка во науката и технологијата (COST). Организацијата COST го финансира создавањето на истражувачки мрежи, COST Action, а во моментот се реализираат над 200 СОЅТ акции (проекти), во кои учествуваат над 500 професори од нашата држава. Ваквиот начин на вмрежување овозможува отворен простор за соработка меѓу научниците ширум Европа и пошироко и го поттикнува напредокот во истражувањето и иновациите.

Нашиот научник проф. д-р Зоран Т. Поповски, по извршување на тригодишен мандат, минатиот месец е повторно избран за член на Извршниот одбор на Комитот за Европската соработка во науката и технологијата (COST). Со реизборот на Поповски Северна Македонија продолжува активно да учествува во организацијата и е прва земја којашто не е членка на ЕУ, а има свој  преставник  во нејзините највисоки тела.

COST (Cooperation in Science and Technology in Europe) е најстарата и најголема програма за умрежување во науката во Европа која е основана во 1971 година со седиште во Брисел. СОЅТ има годишен буџет од околу 45 милиони евра и во оваа програма освен членките на ЕУ, учествуваат и земјите од Европа кои не се членки на ЕУ (Швајцарија, Норвешка, Исланд, Молдавија и Турција) како и земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово).Република Северна Македонија е членка на СОЅТ од 2002 година. 

[ вторник, 03 ноември 2020 ] [ 1270 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar