Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Конкурси / Конкурс за доделување стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“ за учебната 2020/2021 година

Конкурс за доделување стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“ за учебната 2020/2021 година

 

Врз основа на член 12-а од Закон за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/16 и 142/16) и Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија (“Службен весник на Република Македонија” бр.191/15), а согласно Решението за распишување Конкурс за доделување на стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“ за учебната 2020/2021 година, бр. 19-11920/2 од 27.10.2020 година, Министерството за образование и наука распишува

 

КОНКУРС

за доделување стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“

за учебната 2020/2021 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2020/2021 година ќе додели стипендии за учениците запишани во ДСУ „Спортска академија“ во Република Северна Македонија.

  I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА 

 Право на стипендија имаат учениците кои се запишани во ДСУ „Спортска академија“ во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици во Спортската академија (од II, III и/или IV година)

2. Во текот на претходната учебна година да имаат постигнато најмалку општ успех многу добар 4,00 (четири) и одличен успех 5 (пет) од изборниот предмет тренинг од избраниот спорт на крајот на учебната година;

3. Да не повторувале година во текот на образованието;

4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

5. Да се државјани на Република Северна Македонија.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://konkursi.mon.gov.mk а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 27.10.2020 до 09.11.2020 година, од 09-15 часот. Потребните документи за доставување се следните: 

Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 21.11.2020 година на сајтот mon.gov.mk и во ДСУ „Спортска академија“.

 III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Учениците кои се пријавиле потребно е да ги достават следните документи:

1. Евидентен лист само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;

2. Потврда дека е редовен  ученик во учебната 2020/2021 година издадена од ДСУ „Спортска академија“;

3. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршена прва, втора и/или трета година на образованието;

4. Изјава потпишана од родител/старател дека кандидатот не е корисник на  друга стипендија  

5. Изјава од родителот/старателот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на ученикот, со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи  (објавена на сајтот mon.gov.mk) и

6. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава.

Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од своја трансакциска сметка на која би ги добивале парите во случај да добијат стипендија.

Министерството за образование и наука по службен пат го прибавува уверението за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ 

 Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, од 27.10.2020 година до 09.11.2020 година, од 09.00-15.00 часот, ги доставуваат документите утврдени во глава III од конкурсот.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е: 

-ненавремено доставена. 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

 Висината на стипендијата ќе изнесува 3000 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се утврдат правата и обврските.

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 4.12.2020 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.  

 

Контакт лице за дополнителни информации – Пенка Мантова Здравковска, penka.mantova-zdravkovska@mon.gov.mk, 076 485 054
[ вторник, 27 октомври 2020 ] [ 3741 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar