Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.96/19 и 110/19), член 54 став 3 од Законот за ученички стандард („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и 248/20) и Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.195/20 и 253/20) и Решението за распишување на Kонкурс за доделување стипендии на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/21 бр.19-11898/1 од 27.10.2020 година, Министерството за образование и наука, распишува
КОНКУРС
за доделување на стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2020/2021 година
Министерството за образование и наука за учебната 2020/2021 година ќе додели 880 (осумстотини и осумдесет) стипендии во пет категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Во учебната 2020/21 година се доделуваат вкупно 880 стипендии за средношколци Роми во пет категории, од кои:
1. Во првата категорија се доделуваат вкупно 200 стипендии за средношколци Роми за учебната 2020/21 година во висина од 2.200,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;
2. Во втората категорија се доделуваат 320 стипендии за средношколци Роми за учебната 2020/21 година во висина од 1.500,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;
3. Во третата категорија се доделуваат 160 стипендии за средношколци Роми за учебната 2020/21 година во висина од 1.000,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.00 - 3.49 во последната учебна година;
4. Во четвртата категорија се доделуваат 50 стипендии за средношколци Роми за учебната 2020/21 година во висина од 1.000,00 денари месечно за ученици со посебни образовни потреби, а кои постигнале успех од најмалку 3.00 во последната учебна година;
5. Во петта категорија се доделуваат 150 стипендии за средношколци Роми за уебната 2020/21 година во висина од 600,00 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2.00 - 2.99 во последната учебна година.
II. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
За учениците Роми од прва, втора, трета, четврта и петта категорија стипендиите ќе се доделат согласно следните критериуми:
1) Ученикот е да е запишан во јавно или приватно средно училиште
2) Ученикот да е државјанин на Република Северна Македонија
3) Ученикот да не е корисник на друга/и стипендии
4) Ученикот да има примерно поведение
5) Ученикот да е припадник на ромската заедница.
Предност при селекција ќе се даде на кандидатите со повисок општ успех во секоја од категориите.
III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://konkursi.mon.gov.mk а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 27.10.2020 до 09.11.2020 година, од 09-15 часот. Потребните документи за доставување се следните:
1. Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;
2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2020/2021 година;
3. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелство од IX одделение);
5. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет страницата на Министерството;
6. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет страницата на Министерството;
7. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет страницата на Министерството;
8. Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница (објавена заедно со конкурсот на www.konkursi.mon.gov.mk);
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е ненавремено доставена.
IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата е наведена за секоја категорија посебно и тоа:
Прва категорија: Стипендии за ученици со успех од 4.50 до 5.00
Оваа категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат одлични резултати со успех од 4.50 до 5.00. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2020/21 година ќе бидат доделени вкупно 200 стипендии. Висината на стипендијата за прва категорија изнесува 2,200.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.
Втора категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.50 до 4.49
Втората категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат многу добри резултати со успех од 3.50 до 4.49. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2020/21 година ќе бидат доделени вкупно 320 стипендии. Висината на стипендијата за втора категорија изнесува 1,500.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.
Трета категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.00 до 3.49
Третата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат добри резултати со успех од 3.00 до 3.49. Во оваа категорија за учебната 2020/21 година ќе бидат доделени вкупно 160 стипендии. Висината на стипендијата за трета категорија изнесува 1,000.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.
Четврта категорија: Стипендии за ученици со посебни образовни потреби
Четвртата категорија на стипендија ќе биде наменета за ученици со посебни образовни потреби. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2020/21 година ќе бидат доделени вкупно 50 стипендии. Висината на стипендијата за четвратата категорија изнесува 1,000.00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.
Петта категорија: Мотивирачка стипендија за ученици со просек од 2.00 до 2.99
Петтата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а во претходната учебна година имаат постигнат општ успех од оцените од 2.00 до 2.99. Во оваа категорија за учебната 2020/21 година ќе бидат доделени вкупно 150 стипендии. Висината на стипендијата за петтата категорија изнесува 600,00 денари месечно за девет месеци за една учебна година.
Стипендиите од сите пет категории кои нема да бидат доделени можат да се префрлаат за доделување во друга категорија на стипендии, наведени во овој Конкурс.
Контакт лице за дополнителни информации - Арабела Илјаз, arabela.iljaz@mon.gov.mk