Во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а со финансиска поддршка од Европската Унија, објавен е Повик за доставување пријави за ангажирање на 40 тутори за поддршка на учениците со попреченост - стипендисти запишани во редовни училишта.
Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк.