Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Покана за информативна сесија - Иновациски ваучери

Покана за информативна сесија - Иновациски ваучери

 

Почитувани,

Фондот за иновации и технолошки развој на 01.10.2020 година ќе го објави првиот Јавен повик за доделување на финансиски средства преку Иновациски ваучери.

Целта на иновациските ваучери е да се поттикне соработката помеѓу претпријатијата и академските и научно – истражувачките установи во насока на спроведување иновациски активности, со што претпријатијата ке ја зголемат својата конкурентност на пазарот.

Начинот на доделување средства преку Иновациски ваучери се врши на принципот „прв дојден, прв услужен“.

Со цел да се овозможи навремена и подетална информираност за начинот на аплицирање и критериумите за доделување средства, Фондот организира инфо сесија на која моажат да учествуваат сите заинтересирани апликанти и останати чинители.

Инфо сесијата ќе се одржи преку платформата ZOOM на 22.09.2020 година во 10:00 часот.

На инфо сесијата може да присуствувате со приклучување на следниот линк

https://us02web.zoom.us/j/9650987990?pwd=cGJwVnUwY1J0ZzFyaHBEZzc4Rk82UT09

Meeting ID: 965 098 7990

Password: 9J87abc

Доколку имате интерес за присуство на оваа инфо сесија, Ве молиме за повратен одговор на katarina.kreceva@fitr.mk со цел Фондот за иновации и технолошки развој да има увид во интересот на потенцијалните апликанти и очекуваниот број на присутни.

Повеќе информации за Иновациските ваучери се достапни на https://fitr.mk/javen-povik-za-dodeluvane-na-finansiski-sredstva-preku-inovaciski-vauceri/

[ петок, 18 септември 2020 ] [ 740 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar