Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Вести и настани / Известување за отварање на дел од шифрите по Конкурсот за издавање на учебници за II година средно стручно четиригодишно образование

Известување за отварање на дел од шифрите по Конкурсот за издавање на учебници за II година средно стручно четиригодишно образование

 

Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите по Конкурсот за издавање на учебници  за II година средно стручно четиригодишно образование за следните предмети:

 

            2.СТРУКА/СЕКТОР:ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА/ГРАДЕЖНИШТВО И ГЕОДЕЗИЈА

            2.1 Образовни профили/квалификации:  Градежен техничар

- Основи на геотехника и хидротехника

            2.4. Образовни профили/квалификации: Геодетски техничар

- Геодезија

- Геодетски мерења и пресметувања

5.СТРУКА/СЕКТОР: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА/ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

            5.4. Образовни профили/квалификации: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

- Основи на програмирање

11.СТРУКА/СЕКТОР:ТЕКСТИЛНО КОЖАРСКА

11.3 Образовен профил/квалификација: Техничар за моделирање на облека,

- Технологија на изработка на облека

12.СТРУКА/СЕКТОР:УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ

            12.4. Образовни профили/квалификации: Техничар за настани и анимации

- Услуги за храна и пијалоци

14.СТРУКА/СЕКТОР:ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА/ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО

            14.6. Образовни профили/квалификации: Техничар за пејзажен дизајн

- Подигање и нега на зелени површини

 

Отварањето на шифрите за горенаведените предмети  ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба  ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 - 13 кат на 16.09.2020 година (СРЕДА) со почеток во 11.00 часот.

 

 

 

 

[ петок, 11 септември 2020 ] [ 241 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar