Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Конкурси / Конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2020 година

Конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2020 година

 

Врз основа на член 50 став 1 и член 52-а став 2 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 ), член 2 и 3 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/19) како и Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2020 година бр.15-8131/1 од 27.08.2020 година Министерството за образование и наука распишува:

К   О   Н   К   У   Р   С

за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2020 година

 

1.     Министерството за образование и наука објавува јавен Конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2020 година. 

2.     Право на средствата за организација на научни собири имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни  установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење на научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).

3.     Пријавата за доделување средства за финансирање материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири, како и пропратната документација ги поднесува организаторот на научниот собир. 

4.     Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:

§  пополнета пријава (пријавата можете да се симне од следниот линк или да се подигне во Секторот за наука и иновации при Министерството за образование и наука) со потпис од овластен потписник и печат, архивирана во архивата на подносителот на пријавата;

§  одлука од организаторот за одржување на научен собир;

§  одлука за печатење на зборникот на трудови од научниот собир и

§  програма за работа на научниот собир со број на учесници

 

5.     Организаторот на научниот собир е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс. Ненавремена и некомплетно доставена документација нема да се разгледува.

6.     Организаторот на научниот собир е должен до Министерството за образование и наука да достави Извештај со спецификација на направените трошоци и два примерока од зборникот на трудови најдоцна шест месеци од одржување на научниот собир.

7.     Средствата кои се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.

8.     Домашните научни истражувачи кои се учесници на одржаните научни собири и организаторот на научниот собир се согласуваат:

-да се регистрирани (пред да се поднесе пријавата) во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил;

- да го објават зборникот на трудови (согласно авторските права на издавачот) во репозиториумот на матичниот факултет/научна установа/универзитет најдоцна шест месеци од одржувањето на собирот;

- трудовите, исто така, треба да бидат вклучени во Репрезентативната или Персоналната библиографија на авторите во националниот E-CRIS.МК систем;

Линк за E-CRIS.МК: https://e-cris.mk.cobiss.net/public/jqm/cris.aspx?lang=mac&opdescr=home&opt=1

9.   Пријавите и документите наведени во точка 4 на овој Конкурс почнувајќи од 31.08.2020 година заклучно со 27.11.2020 година, се доставуваат на следната адреса или во архивата на:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Сектор за наука и иновации

бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54

1000 Скопје

             

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт:

Олга Дуковска Атов, канцеларија број 1410 или на телефон 02-3140-185

Рејхане Исмаили, канцеларија број или на телефон 02-3140-180

[ понеделник, 31 август 2020 ] [ 531 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar