Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Конкурси / Известување за почетокот и завршувањето на пријавувањето на учениците за добивање на еднократен надомест до 3.000 денари за купување на училишен прибор

Известување за почетокот и завршувањето на пријавувањето на учениците за добивање на еднократен надомест до 3.000 денари за купување на училишен прибор

 

Министерството за образование и наука согласно член 4 став 1 од Уредба со законска сила за доделување на финансискa поддршка на ученици запишани во јавните средни училишта за купување на училишен прибор, а кои се од семејни домаќинства со низок доход, за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 157/20) објавува

 

Известување за почетокот и завршувањето на пријавувањето на учениците за добивање на еднократен надомест до 3.000 денари за купување на училишен прибор

  

Известувањето се објавува согласно Уредба со законска сила за доделување на финансискa поддршка на ученици запишани во јавните средни училишта за купување на училишен прибор, а кои се од семејни домаќинства со низок доход, за време на вонредна состојба.

 

            Финансиска поддршка за купување на училишен прибор се доделуваат на ученици кои се државјани на Република Северна Македонија, запишани како редовни ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија во учебната 2020/2021 година, постари од 16 години на денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила и се членови на семејно домаќинство во кое остварениот просечен месечен доход во семејството по сите основи за 2019 година не е поголем од просечната исплатена нето плата по вработен за месец март 2020 година, објавена од Државниот завод за статистика, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи (во натамошниот текст: ученици).

    

        Училишен прибор, се: тетратки, листови за боење (блок за цртање), прибор за пишување, прибор за боење, бои, училишни торби (ранци), гуми за бришење, острилки за моливи, прибор за пенкала и моливи, технички моливи, калкулатори, глина за моделирање, линијари, шестари, лектири, брајова хартија, како и спортска опрема (спортски обувки и спортска маица и спортски панталони) за потребите на наставата за спорт и спортски активности.

 

Начин на пријавување

 

Учениците кон пријавата до Министерството за образование и наука во печатена форма или преку интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.digjitalizohu.mon.gov.mk ги доставуваат/прикачуваат следните докази:

 

- потврда од училиштето дека е редовен ученик запишан во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година,

 

- за финансиската состојба на семејното домаќинство на ученикот, односно неговото потесно семејство,

 

- потврда за последна остварена плата на вработените членови на семејно домаќинство за 2019 година (за родителите - старатели вработени во државни и јавните установи да се достави/прикачи потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите - старатели вработени во приватни фирми да се достави/прикачи потврда за плата како и заверена декларација за плата); за пензионираните членови на семејството да се достави/прикачи документ за висина на пензија - чек; за разведени родители да се достави/прикачи доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен доход, за корисници на социјална помош да се достави/прикачи последно решение или последен чек,

 

- изјава за користење на личните податоци на ученикот и неговото потесно семејство (родители - старатели, браќа, сестри), со која ученикот се согласува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка.

 

Рокот за пријавување на учениците на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.digjitalizohu.mon.gov.mk или доставување на документите во Министерството за образование и наука трае до 17.08.2020 година.

 

Министерството за образование и наука изготвува Листа на корисници на средства за купување на училишен прибор и ја објавува на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.digjitalizohu.mon.gov.mk најдоцна до 10 септември 2020 година и ја доставува до банките издавачи на домашна платежна картичка.

 

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

[ петок, 07 август 2020 ] [ 26183 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar