Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Вести и настани / Препорака на Советот за висок квалитет и Извештај за клучни податоци на Евридика за 2019 година

Препорака на Советот за висок квалитет и Извештај за клучни податоци на Евридика за 2019 година

 

Придружете ни се на презентацијата на 17 септември за да дознаете како ЕУ ги поддржува државите-членки да понудат образование и нега во раното детство со висок квалитет за сите мали деца, од раѓање до основно училиште...

Соглсно европскиот столб за социјални права, во кој се наведува дека „децата имаат право на образование и на нега во раното детство со висок квалитет коишто се достапни“, Советот на 22 мај 2019 година донесе препорака за „Висококвалитетни системи за образование и нега во раното детство“. Избраната претседателка Урсула фон дер Лејен, во нејзината „Агенда за Европа“ најави соодветна инвестиција од Европскиот социјален фонд+за подобрување на квалитетот и пристапноста до системите за образование и нега во раното детство.

На конференцијата ќе биде презентирана Препораката на Советот (линк Council recommendation) со посебен осврт на Рамката за квалитет на ЕУ, којашто ја промовира, како и на акциите што треба да се спроведат низ Европа за да им се даде најдобар почеток на животот на сите деца и семејства.

За да го поддржи разбирањето на секторот и да го набљудува неговиот напредок, Евридика ќе го презентира извештајот Клучни податоци за образование и нега во раното детство (линк Council recommendation)) (изданието за 2019 година), нагласувајќи ги успесите и предизвиците на различните системи за образование и нега во раното детство во Европа.

 

Кога? 17 септември2019, 12.30-14.00

Веб стриминг: https://webcast.ec.europa.eu/presentation-of-the-council-recommendation-and-the-eurydice-key-data-on-early-childhood-education-and-care-17-09-19

[ петок, 13 септември 2019 ] [ 45 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar