Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии за докторски и постдокторски студии и истражувања во Швајцарија за академската 2020/2021 година

Стипендии за докторски и постдокторски студии и истражувања во Швајцарија за академската 2020/2021 година

 

Стипендии за докторски и постдокторски студии и истражувања во Швајцарија за академската 2020/2021 година

 

Подетални информации за стипендиите може да се обезбедат нa www.eda.admin.ch/north-macedonia.

Министерството за образование и наука информира дека Федералната комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија за академската 2020-2021 година ќе додели најмногу 30 стипендии за докторски и постдокторски студии и истражувања, за студенти од земјите од Централна и Источна Европа и Кавкаските држави, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.

Стипендиите се наменети за кандидати кои имаат завршено универзитетски студии со висок просечен успех, за докторски и постдокторски студии и истражувања во сите научни области на некој од државните универзитети или признати институти во Швајцарија.

Конкурсот не предвидува доделување на стипендии за додипломски и магистерски студии.

Подетални информации за стипендиите може да се обезбедат на интернет страницата на Амбасадата на Швајцарија во Скопје, https://www.eda.admin.ch/north-macedonia , на тел: 02 3 103 300 и преку електронската адреса skopje@eda.admin.ch.

Формуларите за аплицирање и сите потребни документи може да се подигнат во Амбасадата на Швајцарија во Скопје, каде и се доставуваат пополнети во три примероци, најдоцна до 15 ноември 2019 година.

[ понеделник, 19 август 2019 ] [ 428 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar