Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / КОНКУРС за издавање на учебници за I година средно стручно четиригодишно образование

КОНКУРС за издавање на учебници за I година средно стручно четиригодишно образование

 

Понуди за издавање по еден учебник за наставни предмети

Врз основа на член 14 став 1, член 15 и член 18 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. 98/2008, 99/2009, 83/2010, 36/2011, 135/2011, 46/2012, 24/2013, 120/2013, 29/2014, 146/2015, 217/2015, 30/2016 и 21/2018) и согласно Правилникот за критериуми за утврдување на висината на надоместокот за пренос на материјалното авторско право за учебниците во основното и средното образование бр.22-10483/1 од 18.07.2013 година, бр.22-10483/2 од 16.09.2013 година и бр.03-6645/1 од 18.03.2015 година, Министерството за образование и наука – Педагошка служба, објавува

КОНКУРС
за издавање на учебници за I година средно стручно четиригодишно образование

 

1. ОПШТИ УСЛОВИ

- Нарачател: Министерство за образование и наука - Педагошка служба, ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

Предмет на конкурсот: Понуди за издавање по еден учебник за наставните предмети:

НАЗИВ НА ПРЕДМЕТОТ

Бр. на потребни учебници

Македонски јазик и литература за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 247.850,00 (двесте четириесет и седум илјади осумстотини и педeсет)денари.

1

Албански јазик и литература за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 247.850,00 (двесте четириесет и седум илјади осумстотини и педeсет)денари.

1

Македонски јазик и литература за учениците од другите заедници за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 235.457,00 (двесте триесет и пет илјади четиристотини педесет и седум) денари.

1

Информатика за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 235.457,00 (двесте триесет и пет илјади четиристотини педесет и седум) денари.

1

Математика (Здравствена струка, Земјоделско-ветеринарна струка, Лични услуги, Текстилно-кожарска струка и Шумарско-дрвопреработувачка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование,

Математика (Геолошко-рударска и металуршка струка, Градежно-геодетска струка, Графичка струка, Економско-правна и трговска струка, Електротехничка струка, .Лични услуги, Машинска струка, Сообраќајна струка, Текстилно-кожарска струка, Угостителско-туристичка струка и Хемиско-технолошка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 247.850,00 (двесте четириесет и седум илјади осумстотини и педесет) денари.

1

Физика (Електротехничка струка, Градежно-геодетска струка, Графичка струка, Хемиско-технлошка струка, Лични услуги, Машинска струка, Сообраќајна струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка, Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка) за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 235.457,00 (двесте триесет и пет илјади четиристотини педесет и седум) денари.

1

Хемија (Геолошко-рударска и металуршка струка, Графичка струка, Лични услуги, Шумарско-дрвопреработувачка струка, Текстилно-кожарска струка, Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка) за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 235.457,00 (двесте триесет и пет илјади четиристотини педесет и седум) денари.

1

Биологија (Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка, Лични услуги, Хемиско-технолошка струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 235.457,00 (двесте триесет и пет илјади четиристотини педесет и седум) денари.

1

Географија (Угостителско-туристичка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 235.457,00 (двесте триесет и пет илјади четиристотини педесет и седум) денари.

1

Граѓанско образование за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 235.457,00 (двесте триесет и пет илјади четиристотини педесет и седум) денари.

1

Ликовна уметност за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 235.457,00 (двесте триесет и пет илјади четиристотини педесет и седум) денари.

1

Музичка култура за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 235.457,00 (двесте триесет и пет илјади четиристотини педесет и седум) денари.

1

Спорт и спортски активности за I година средно стручно четиригодишно образование,

- надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 235.457,00 (двесте триесет и пет илјади четиристотини педесет и седум) денари.

1

1.1. Право на учество на Конкурсот имаат авторите кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.

1.2. Конкурсот е јавен, отворен и анонимен. Авторството и сопственоста на одобрениот учебник се докажува со шестиот примерок на учебник.

1.3. На конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет.

1.4. Автор на учебник не може да биде лице вработено во Министерството за образование и наука, во органите во состав на Министерството, во Центарот за стручно образование и обука, во Центарот за образование на возрасни, претседателот и членот на Националната комисија и член на рецензентската комисија.

1.5. Ракописот за учебник се изработува според наставниот план и програми за соодветнатагодина, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

1.6. Ракописот за учебник треба да ги исполнува условите и стандардите согласно со Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

1.7. Ракописот за учебник се доставува во печатена форма во 5 (пет) ликовно, графички и јазично уредени примероци (3 примероци во боја и 2 црно бели), изработени според наставниот план и програми за соодветнатагодина, предмет и Концепцијата за учебник за основно и за средно образование.

1.7.1. Ракописот за учебник не смее да содржи фотографии, илустрации и содржини превземени од трети лица   за кои авторите немаат дозвола за користење.

1.8. Ракописот за учебник се доставува и во електронска форма.

1.9. Авторите ракописот на учебник го доставуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо (освен за ракописот за учебник по наставниот предмет Албански јазик и литература).

За учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја следат на јазик и писмо различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, ракописите на учебниците се доставуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

1.10. Министерот и авторот на учебникот склучуваат договор за пренос на материјалното авторско право во кој се утврдуваат меѓусебните права и обврски.

1.11. Ако авторот на учебник на конкурсот понудил дополнителна литература согласно со член 15 став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование, истата е должен да ја отстапи без пренос на материјалното авторско право согласно член 18 став 2 од Законот.

2. РОКОВИ

2.1 Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 03.09.2019година.

3. КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

3.1. Конкурсната документација ги содржи: Наставниот план и програма за соодветнатагодина, предмет, Концепцијата за учебник за основно и средно образование и Законот за учебници за основно и средно образование.

3.2. Конкурсната документација може да се преземе во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје или на www.bro.gov.mk, www.mon.gov.mk

4.ДОСТАВУВАЊЕНАУЧЕБНИЦИТЕ
 
4.1. Понудите за учебници се доставуваат препорачано по пошта или со доставување во Архивата на Министерството за образование и наука - Педагошка служба – ул „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

4.2. На предната страна на пратката, во горниот лев агол, треба да биде назначено ,,НЕ ОТВАРАЈ,, и ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИ,, насловот на учебникот, година, а во средината адресата: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА, ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје

4.3. Авторите на ракописи на учебници во доставениот пакет на кој пишува ,,НЕ ОТВАРАЈ,, треба да достават и затворен плик на кој исто пишува „НЕ ОТВАРАЈ„, со следните податоци и документи: точно име и презиме на авторот/ите, адреса на живеење, телефонски број, институција во која се вработени, уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование, изјава од лекторот за јазично уредување на текстот и потврда за положен испит за лектор (оригинал или заверена на нотар), изјава дека ракописот за учебник не содржи фотографии, илустрации и содржини превземени од трети лица   за кои авторите немаат дозвола за користење.

4.4. Доколку името и презимето на авторот во пријавата се разликуваат од името и презимето наведено во уверението или дипломата за завршено соодветно образование, се приложува соодветен доказ за истоветноста на податоците.

4.5. Пликот ,,НЕ ОТВАРАЈ,, се отвора по одобрување на шифрите на учебниците.

4.6. Материјалите под точка 4.1., 4.2., 4.3. и 4.4. се доставуваат во затворен пакет на кој е запишано само ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИК,, и името на учебникот, адреса - Министерство за образование и наука - Педагошка служба, ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје.

5. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

5.1. Понудите за учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и ониешто не се изработени согласно со условите на овој Конкурс, ќе бидат дисквалификувани.

[ четврток, 27 јуни 2019 ] [ 797 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar