Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Известување за избор на најдобар есеј на тема „Замислувајќи го Европеецот на иднината?“

Известување за избор на најдобар есеј на тема „Замислувајќи го Европеецот на иднината?“

 

Комисија формирана од министерот, во конкуренција од 19 есеја, избра свој национален победник, односно како победнички текст го одбра есејот на ученичката Бисера Ќурчинска од ООУ„Кочо Рацин“ Куманово

Министерството за образование и наука известува дека по однос на поканата за приклучување кон прославата по повод 70-годишнината на Советот на Европа во Стразбур, која оваа година е под слоганот „Нашите права, нашите слободи, нашата Европа“ беше доставенa покана до училишта во нашата држава за учество на натпревар за пишување есеј на тема „Замислувајќи го Европеецот на иднината?“ (“Imagining the European of the future?“). 

Имено, Комисија формирана од министерот, во конкуренција од 19 есеја, избра свој национален победник, односно како победнички текст го одбра есејот на ученичката Бисера Ќурчинска од ООУ„Кочо Рацин“ Куманово.

Ја користиме приликата да ? го честитаме овој успех на ученичката Бисера Ќурчинска, на која ќе и биде врачена диплома во Советот на Европа за време на прославата организирана по повод 70-годишнината на Советот на Европа во Стразбур во месец октомври 2019 година.

На останатите учесници им благодариме за нивното учеството и ги охрабруваме и во иднина да земаат учество на ваков тип на активности каде ќе имаат можност да го покажат својот талент.

[ понеделник, 01 јули 2019 ] [ 230 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar